Со Т-Хоум, Т-Мобиле, и нивните пакети, начини на пресметување, начин на работа, никогаш неможеш да бидеш на чисто.
Со нив расчистив пред многу години. Единствено користам еден припејд број на Т-Мобиле од пред милион години.
Имено, такви гадови и неписмењаци како нив не постојат.
Еве ке опишам конкретен пример.
Отвараме фирма, зимаме број.
Во Ситимол, склучуваме некој си договор за оптика пакет, за фирма...
После некоја недела од потпишување на договорот, значи скоро три недели, дојде прва екипа да постави кабел...После една недела дојде екипа да постави кутија...100 пати се јавив и ги правев имбецили, за да на крај дојде екипа за да ги поврзе каблите.
И испадна проблем. Чекање уште една недела.
Месец ипол дена за еден телефон, и тоа фиксен со тоа што треба да има и факс линија.
Идиотите едвај средија работа.
И што испадна на крајот?
Во меѓувреме, значи со потпишување на договорот ни доделија телефонски број.
За тоа време додека да ни го постават односно проработат телефонот, линијата, ние одпечативме меморандуми, работни налози, документација, бројот е регистриран секаде како број за контакт, работиме со државни и странски фирми, направивме визит карти.
Трошоци еден куп за се тоа.
ЗА НА КРАЈОТ да го имаме следниов проблем:
Никој не може да не добие на бројот.
Кога не бира некој фиксен број, се уклучува автомат и кажува дека телефонскиот број не постои. Ако вртиш од мобилен, може и да не добиеш, некогаш. Од некој градови низ МКД, знае да се воспостави контакт. Еднаш месечно.
Значи ЗОШТО?
Пријавивме дефект. Три пати доаѓаа за на крај после две недели шуткање, да добиеме одговор дека овој број, кој ни го доделиле неможе да се оправи...Имало некој некомпатибилности во системот...МОЛИМ?
И сега кој мене ке ми ги плати трошоците за сите претходни документи? Кој ке ми ја оправда несериозноста кон клиентите за давање на невалидни податоци, непостоечки односно нефункционални?
Испаѓам тотално непрофесионален и несериозен.
Плаќам сметка од 2000 денари за која не добивам никаква услуга, значи имам интернет и толку.
Факсот ми е за џабе, а највеќе ми треба тој, телефон имам на кој не можат да ме добијат...
И на крај ми предлагаат решение да ми го заменат телефонскиот број, после 3 месеци натегања прво за инсталација, а потоа да го најдат дефектот. МОЛИМ ЛЕПО.
АКо ми платите трошоци за печатење на нови материјали, визит карти, работни налози, испратници, бла бла бла, нема проблем.
Да е ова правна држава, до сеа наместо ја на нив, они на мене ке ми плаќаа наредниве две години за да им бидам претплатник.
Т-ХОУМ, Т-МОБИЛЕ, ФАЛА, ке ги заобиколам.
Он д топик.
Корисник сум на ОНЕ од неговото само отварање. Сигурно има преку 10 години.
Задоволен сум од услугата која ја нуди, а и од пакетите. Секогаш им е точно дефинирано се, за разлика од т-мобиле, за кој треба да имаш докторат по математика за да пресметаш колку чини еден разговор.
ВИП не ги сметам ни за оператор, освен ако не станува збор за телефон кој треба да ми биде службен.

Во тој случај они се најбољи.