Дечки ми треба совет, денес на телефонот на таткоми Ј3 самсунг пробав да направам hard reset кој неуспеа најверојатно пошто е заклучен од телеком искрено се изненадив.
кога го рестартирав почнав со првите опции за бирање и ми даде порака дека е извршено неовластен обид за ресетирање на фабрички сетинзи на телефонот да се верификува ИД на корисникот, е проблемот е што он не знае кој му беше gmail акаунтот, пробав со мој неможе. добив порака дека не сум јас корисникот. дури нема ни опција за да го прескокнеш сето тоа како иницијален сетап и да си го користиш телефонот. Правиме муабет за Самсунг Ј3. Бев до Телеком, ми рекоа ништо неможат да одам во сервис.
дали некој имал слично искуство, можам да го средам или ке треба да чекам до понеделник?