Епа момци, како што е редот, да го претставам новото возило во фамилијата...
Се работи за Citroen C4 Coupe, 1.4, со 65kw. Произведена и прв пат регистрирана во 2007ма. Купена е во Унгарија, увезена од физичко лице во Македонија во Октомври 2016та. Прва регистрација во Македонија е во Ноември 2016та.
Пред да ја купиме, детално ја проверивме. Беше проверено се што може да се провери. После се, се донесени следниве заклучоци:
-колата има поминато 145 000км и нешто ситно. за чудо реални. беше проверено од момците во АвтоНова и на оригинален тестер и дијагностика за Цитроен.
-беше дигната колата на дигалка. ништо не е скапано или кородирано. фала богу. потребна е интервенција на предница, на еден стабилизатор и спона.
-задната десна магленка не работеше. испадна дека е само сијаличка.
-свирката не работи. треба да се менува свирка.
-на десната врата имало површински оштетувања на бојата, за среќа се убаво средени.
-потребна е промена на дихтунг на глава. си тече масло.
-рачката за отварање на касетата внатре кај совозачот е извадена, или скршена. ќе треба најверојатно цела касета да се смени, или можеби само вратата од истата.
-даската на гепекот е излитена (оштетена), и врвчињата што се обесуваат на задната врата се искинати.
друго се е ОК.
Инаку колата генерално е солидно очувана. Убаво и тивко работи, добро се движи и нормално троши (потрошувачката е слична со таа на Астра-та)
Има солиден список на опременост:
-мануелен клима уред
-серво волан подесив по висина и длабина, кој е кожен
-електрика на прозори и ретровизори
-ABS
-АIRBAG ама не видов колку на број
-централна брава со далечинско
-висинско подесување на возачко седиште
-ладење во фиока
-некое кинеско радио со 6 звучници
-темпомат
-борд компјутер
-светла за магла
-челични бандажи, 16ки, со релативно нови и не многу возени гуми. 2 зимски Hankook, 2 летни Kleber.
и најверојатно уште некои работи и ситници кои не стигнав да ги видам и разгледам.
Еве неколку слики како за почеток:
Моментално колата е на сервис. Ќе се менува дихтунг на глава, па дур сме тука убаво фино чистење, гумици на вентили и уште некои ситници. Ќе се менува масло, филтер за масло, филтер за воздух, филтер за кабина и филтер за гориво. Промена на каиши. Нова свирка. Замена на потребни делови од подвозје. Проверка на дискови и плочки, свеќици и водна пумпа. Прво механички да се доведе у ред, па после и касетата и даската во внатрешноста.
Во меѓувреме го извадив кинеското радио од внатре, и го ставив LG-то што го имав на Matiz-от.
Од прилика, сега за сега, толку... Понатаму повеќе.