Потребно е да имаш многу искуство за да знаеш да препознаеш што е добро, а што лошо кај најновиве модели.
Мет Ватсон многу добро и реално критикува. Доколку ги споредиш најефтиниот и најскапиот Фокус ќе приметиш дека пластиката не е иста, истото се случува кај Голф 7 каде пластиката во ентериерот на најефтиниот модел врска нема со онаа на моделите од 25,000 евра па нагоре. Не е само он, и многу други автомобилски новинари имаат изјавено дека е многу кич ентериерот на фокусот и дека има премногу копчиња - последново важи и за Астрата. Нормално е да се најде мана, нема кола што е совршена, само ти избираш кола што можеш да живееш со нејзините мани, исто како кога избираш жена. Зарем има кола на која не и нашол мана што му ја пласирале така?