голем срам за свиркањето на победникот. секако дека многумина се уморни да ги гледаат ред бул со фетел како победуваат, но очигледно тие не се. треба да се земе во предвид за да се постигнат тие резузлтати дека е потребно да се биде подготвен за секоја трка. а кога на сето тоа ќе додадеме дека ред бул и со новите правила не се успорени, тогаш проблемот треба да се бара кај другите тимови.
фановите на ферари попрво треба да си го исвиркаат својот тим бидејќи тој е виновен зошто не победил, а не фетел кој е во одлична форма!

за формата на фетел многу добро говори и оваа слика, а таа е само еден дел од она што можеме да го сметаме „најдобар“ во моментов.
доколку приметите фетел оваа сезона забележа 7 победи. само алонсо и розберг имаат по две победи, а другите двајца (раиконен, хамилтон) само по една. да беше стариот бодовен систем титулата веќе ќе беше решена до сега арно ама со новите правила неизвесноста продолжува.
