^^За тргање од пол и стигање до победа пишав пред некоја страна.
каква трка очекувате да има болид што е направен да биде брз во најбавниот дел од патеката, каде што најмногу се добива на време, ама затоа пак е скоро невозможен за претекнување. Тактиката е таа. Добра позиција на старт и дефанзивно цела трка. За тоа е направен тој болид, со таа тактика освои 3 титули. Како очекувате претекнување од болид што со отворен DRS е одвај побрз од болидот пред себе со затворен.
На крај на минатата сезона Редбул мораше да го sмени сетапот кога Фетел тргаше од бокс. Го сменија сетапот да биде во стилот на Ферари, поспор круг но со поголема максимална брзина и трката беше сосема друга приказна.
Понатака, на трката во Бразил, по сударот во третата кривина, од последна позиција, по дожд, до првото влегување во бокс Фетел стигна на само 5-6 секунди позади Алонсо. Колку и да го пропуштале Шумахер, Тороросо и компанија, па и сите да му се тргнале од патеката, да го стигнеш човек кои го сметате за најдобриот шофер на денешницата за толку кратко време не е мала работа.
И сето тоа се случуваше во решавачката трка, под огромен притисок. Две титули губи Алонсо за пар бодови баш затоа што не е на ниво во решавачките моменти. И тимот има голем дел од кривицата, ама какви фанови на Ферари сте вие ако сите неуспеси ги препишувате на тимот.
Во 1991ва, Ферари го избрка Прост од екипа на сред сезона, зошто кажа дека болидот возел како камион. А денес Алонсо успеа да го изманипулира цел свет дека тој даде се што е човечки можно, ама Ферарито го кочи и кутриот затоа не може да освои титула. Нормално ова го игра многу пополитички од Прост кој беше познат по политиката и затоа мора да му се одддаде големо признание. Да го извреѓаш тимот меѓу редови, додека збориш дека ова е најдобриот тим на светот е големо достигнување.