Автор Тема: Проверка на вакуумски електромагнетни вентили  (Прочитано 1389 пати)

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Дали постои начин на проверка на електромагнетните вакуумски вентили без употреба на мерач на вакуум? Дали отпорот на електромгнетот можи да даде информација за тоа во каква состојба е вентилот како целина и дали и каде можи да се најде податокот колкав треба да е тој отпор на собна температура за вентили по тип на возила? Ова од причина што и при добар вакуум и добра мембрана на вентилот истиот сепак може да има намалена функционалност.
И дополнително прашање колкав треба да е вакуумот изрзен во psi за нормално функционирање на овие вентили?
« Последно менување: 07 Декември 2012, 16:21:54 pm proff »
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Одг: Проверка на вакуумски електромагнетни вентили
« Одговори #1 на: 07 Декември 2012, 16:06:34 pm »
Кај се користи вентилот? На кое конкретно возило, баш да читам на нет ова што прашуваш

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одг: Проверка на вакуумски електромагнетни вентили
« Одговори #2 на: 07 Декември 2012, 16:11:57 pm »
Ги има на многу возила. Конкретно кај мене на Астра Г ги има 3. Со помош на вакуум управуваат со  турбина, егр и лептири. Сите се поврзани преку вакуум црева на вакуум пумпа. Ги има кај голф, пасат, лагуна ...
На интернет барав и јас но информациите не се баш од корист. Сите се различни типови и имаат различен отпор на намотката на електромагнетот внатре во нив. Кај тојота тој е од 25-30 оми, ка астра, вектра и сл. отпорот е многу помал и е негде од 4-7 оми но таа разлика и тоа како делува врз нивната ефикасна работа. Затоа ми треба фабричката вредност како репер. Можеби ја има во аутодатата па кој ја има нека провери

Еве како некои од нив изгледаат и како функционираат
http://www.google.com/imgres?q=%D0%B5%D0%B3%D1%80+vacuum+valve+solenoid+dc+resistance&um=1&hl=en&tbo=d&biw=957&bih=425&tbm=isch&tbnid=_gTrPrsnitclyM:&imgrefurl=http://fullsizebronco.com/forum/showthread.php%3Ft%3D192382&docid=mzdpujFsJHPmkM&imgurl=http://rockledge.home.comcast.net/RangerPictureGallery/EVR_EGR.gif&w=636&h=297&ei=dAfCUIfWJ4XltQa624CoDQ&zoom=1&iact=hc&vpx=275&vpy=34&dur=935&hovh=153&hovw=329&tx=239&ty=83&sig=117604418935792154214&page=1&tbnh=130&tbnw=280&start=0&ndsp=10&ved=1t:429,r:2,s:0,i:89
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен Диневски

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 492
  • www.imagine.mk
Одг: Проверка на вакуумски електромагнетни вентили
« Одговори #3 на: 07 Декември 2012, 18:46:28 pm »
и мене ова ме интересира ама мислам дека електромагнетот помалку се троши или оштетува отколку мембраната или другите делови.
знам дека овие вентили кај астри/вектри се чест проблем па убаво би било да научеме нешто повеќе за нив

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одг: Проверка на вакуумски електромагнетни вентили
« Одговори #4 на: 07 Декември 2012, 19:09:19 pm »
Јас ги имам 5 нстрана од вграденит три. Дали одвај два од нив имаат приближно ист отпор е прашање. Јасно е дека електромагнетот игра голема улога т.е. неговото магнетно дејство ќе ја притисни мембраната  посилно или послабо што воедно значи добар вакуум или губење на вакуум. А посебно кај астрите и вектрите вакуумот можи да ти направи кола од 130кс да се однесува како југо и точно е тоа дека мал е бројот на оние кои можат да се пофалат дека немаат проблем со овие вентили. Отпорот сигурно игра голема улога и нема логика ако не попуштил лакот на намотките од прегревање и не се споилке неколку намотки да се промени отпорот. Зборам за споредба меѓу 5 исти вакуумски вентили со ист број на ознака  и ист GM производител и сите произведени во Франција. Од она што го имам забележано можам да кажам дека вентилите со поголем отпор функционираат подобро.
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен Диневски

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 492
  • www.imagine.mk
Одг: Проверка на вакуумски електромагнетни вентили
« Одговори #5 на: 17 Февруари 2013, 22:41:54 pm »
proff ја доби ли мојата порака во врска со вакуумските вентили? не добив никаков одговор.
инаку за овие 'нашите' (за astra, vectra...) отпорот треба да е 6-7 ома
пред некое време го најдов податокот во аутодата или некој сличен софтвер беше но ја избришав програмата
ќе најдам пак и ќе постирам и слика