Автор Тема: Како да внесам код за радиото на Рено Лагуна?  (Прочитано 1189 пати)

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Ај ќе ве молам за помош за внесување на код од фабричкото радио на Рено Лагуна од 2002 година? Лагунава е од еден другар. Кодот еднаш го внесил и се било во ред, но го сменил акумулаторот и повторно барало да се внеси кодот, но не се внесувале бројки односно не се јавувале некои 4 нули на кое што место се внесувал кодот.

Да не знај некој како да постапи за да можи повторно да го внеси кодот? Дали да ги извај клемите и колку време да ги остави извадени или да направи нешто друго?

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6791
  • French diamond
Одг: Како да внесам код за радиото на Рено Лагуна?
« Одговори #1 на: 26 Јануари 2013, 18:34:42 pm »
Чекај го го најдам ливчето, сигурно има команди на волан лагуната?

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Како да внесам код за радиото на Рено Лагуна?
« Одговори #2 на: 26 Јануари 2013, 18:38:01 pm »
Ја немам видено ама мислам дека има.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6791
  • French diamond
Одг: Како да внесам код за радиото на Рено Лагуна?
« Одговори #3 на: 26 Јануари 2013, 18:39:51 pm »
Не пиши за то, мора да му се појват тие четири нули. Нека проба пак со вадење на едната клема, на секое одкачвање/празнење на акумулаторот кодот сам се бриши.

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Како да внесам код за радиото на Рено Лагуна?
« Одговори #4 на: 26 Јануари 2013, 18:42:39 pm »
Клемите му реков да ги извади и беа извадени 1 час ама пак не се појавувале нулите. Само CODE пишувало. Некое друго чаре?

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6791
  • French diamond
Одг: Како да внесам код за радиото на Рено Лагуна?
« Одговори #5 на: 26 Јануари 2013, 18:47:11 pm »
Тука пиши вака, доколку кодот се згреши, се слуша звучен сигнал и се појавува CODЕ. Повторно внесување  на кодот се прави после 1 минута. Ако повторно се згреши кодот времето на внесување се дуплира на 2 минути и така на секое наредно грешење. Радиото не смее да биде исклучено додека се чека за ново внесување.

Значи нека го остави пуштено радиото и нека не прицка ништо некоја минута би требало да се појават пак нулите.

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Како да внесам код за радиото на Рено Лагуна?
« Одговори #6 на: 26 Јануари 2013, 18:51:21 pm »
Фала никола. Сега еве ми се јави и го направил, почекал 2 минути, притиснал 1 и се појавиле нулите.