Автор Тема: Прашање за задни звучници за AUDI A4 1.9 TDI 1996  (Прочитано 2928 пати)

Отсутен BorceBt

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 48
Прашање за задни звучници за AUDI A4 1.9 TDI 1996
« на: 27 Јануари 2013, 17:09:02 pm »
Задните звушници се оригинални и во едниот одат две жици нормално а во другиот оди конектор со повеќе жици знае ли некој зошто служат тие жици,од долу гледано двата звучници се различни едниот е нормален се гледа магнетот а тој во кој одат повеќе жици има како кутија со метален капак мислам дека е алуминиумски.Ако некој има некое искуство во врска со ова или некој сознанија молам нека сподели на форум со слики видео или текст.

Поздрав и секое добро
.

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Одг: Прашање за задни звучници за AUDI A4 1.9 TDI 1996
« Одговори #1 на: 27 Јануари 2013, 17:13:59 pm »
Тоа металното е фабричко појачало...

http://www.audiforum.ca/a4-b5-b6-b7-b8-65/b5-rear-speaker-replacement-guide-40270/

Отсутен BorceBt

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 48
Одг: Прашање за задни звучници за AUDI A4 1.9 TDI 1996
« Одговори #2 на: 27 Јануари 2013, 18:01:38 pm »
Дали некој има карактеристики за тоа појачало или можеби Ел.шема

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Одг: Прашање за задни звучници за AUDI A4 1.9 TDI 1996
« Одговори #3 на: 27 Јануари 2013, 20:44:43 pm »
Разгледај овде...
http://www.a4mods.com/index.php?page=webcontent/pages/stereo.html

Инаку што точно сакаш да правиш ?

Отсутен BorceBt

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 48
Одг: Прашање за задни звучници за AUDI A4 1.9 TDI 1996
« Одговори #4 на: 27 Јануари 2013, 23:45:30 pm »
Колата е купена со тие звучници и радиото не е оргинално задните звучници не свират,сега треба да купам друго радио па ме интересира каква е врската (ожичувањето од местото каде е радиото до назад до звучниците) дали ќе можам да искористам од постечкото ожичување или да пуштам нови жици  конкретно ме интересира жиците што одат назад колку се и каде се напред приклучени и дали се приклучени,штом велиш дека тоа е фабрички засилувач од какде зема напојување од радиото или од посебен осигурач каков сигнал оди до засилувачот назад бидејќи кај конекторот што оди кај едниот звучника видов обични жици не беа оклопени,колку е јак тој засилувач (RMS) и како се вадат горните пластични маски на звучниците нема штрафови на нив ни од горе ни од долу пробав да ги тргнам така не се вадеја па ми беше страв да не ги скршам.

Пријателе од ова што набројав ако нешто знаеш те молам споделиго со мене и останатите на форумов


поздрав и секое добро

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Прашање за задни звучници за AUDI A4 1.9 TDI 1996
« Одговори #5 на: 28 Јануари 2013, 00:10:36 am »
А да одиш до кај Јасмин,да ти врзи се ко шо треба,да не си го реметиш умот без потреба.300 денари,мирна глава. :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Одг: Прашање за задни звучници за AUDI A4 1.9 TDI 1996
« Одговори #6 на: 28 Јануари 2013, 00:20:32 am »
Eве како да ги извадиш звучниците.

http://www.audiworld.com/tech/elec58.shtml

Логично би било да има фабрички пуштено жици до задните звучници, а тоа што не ти работат задните провери дали се поврзани на радиото прво.
На вториот линк што ти го пратив имаш слики каде се пуштени или каде би требало да ги пуштиш жиците.

Се надевам нешто од ова е од помош.