Автор Тема: Кабелски оператори  (Прочитано 14218 пати)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: KABLOVSKI OPERATORI
« Одговори #15 на: 07 Декември 2012, 02:31:18 am »
зависи во која населба се и каква им е инфраструктурата на близу и телекабел,па таков ќе ти бидет нетот и остало.во ново лисиче близу се закон,интернетот ми е побрз дури и од адсл на телеком што го имав.од луѓе што слушам,телекабел се лоши во ново лисиче,а јаки во аеродром.сега во другиот стан ќе морам да ги ставам телекабел пошто близу уште не пуштиле мрежа таму:(

точна констатација... ја како имател на два простори потребни за интернат и кабловска, од сите комбинации што ги пробав (а пробав мнооооогу комбинации), моменталната постава ми е во лисиче имам близу а во аеродром телекабел...

кога претходно имав во лисиче телекабел, секој ден.. ама секој божји ден немав интернет по нај малку 2 саати, а почесто и повеке..

за разлика од телекбале, кога во аеродорм имаше близу ретко се дешаваше да немам нет, ама многу често беше спор како дајлап... во меѓувреме имав и бум, и адсл, и усб модем на оне.... и со сите експерименти дојдов до крајниот резултат-сегашен, т.е. твојата констатација од погоре...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11751
  • Архитект
Одг: KABLOVSKI OPERATORI
« Одговори #16 на: 07 Декември 2012, 21:44:48 pm »
Во Капиштец - Козле - нема Близо.
И јас барав од нив да ставам ама немаат на оваа територија инфраструктура.
Долго време сум на Телекабел и сум задоволен. Интернетот му е супер, нешто заебава оваа недела - ама прв пат е ова по долгооо време.
Убаво е што немам договор со нив, што за мене под кирија и од друг град е одлично. Сите други оператори бараат 2 год договор, што до сега му е проблем на газдите да го потпишат.

Исто така е убаво што во најосновниот пакет има дигитална и аналогна телевизија на обичниот кабел. Така да ако си имате тв со дигитален тунер, не мора да купувате некои безвезни рисиври.

Каналите се горе - долу исти на сите оператори.
Јас сум презадоволен од сликата кај мене.

И јас исто така се изнервирав кога ги исклучија Дискавери и НБА - тв и пишував писма, се жалев кај нив, ама џабе. Скапо им било.
Ама ете сега и на Близу ги исклучија дискавери.

Тоа е ривју - то од мене.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1341
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: KABLOVSKI OPERATORI
« Одговори #17 на: 08 Декември 2012, 01:16:15 am »
Истото е и моето мислење со дипломираниов инж архитект Осмица :)
Телекабел се одлични партизани, без договори и пенали. Проблем со Интернет немам ( пупу )

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6666
Одг: KABLOVSKI OPERATORI
« Одговори #18 на: 08 Декември 2012, 02:15:18 am »
Близу само. Јас го имам пакетот од 1200 денари, плакам аналогна телевизија која ја имам на 3 телевизори, дигитална телевизија со 120 каналаи на која имаш превод, фиксен телефон со вклучени бесплатни минути кон сите фиксни мрежи и тоа 150 минути на локално ниво и 100 минути на национално ниво и на крај неограничен интернет со 12 mbps.
Еве и слика од брзината на нетот: http://www.speedtest.net/result/2358370391.png
Башка кај мене сеуште немам пуштено оптички кабел во кисела вода каде што живеам, а нетот е стабилен.
2 години сум корисник на нет услуги, во почетните неколку месеци имав проблем со нетот, али се воспостави дека Thomson модемите не им чинат, па ми го заменија со Cisco модем и повеке од година дена сум задоволен од стабилноста на нетот. Плус може ден, два да се случи нетот да отвора послабо, али во тој случај одма ке го изгасам модемот едно половина час, после тоа го палам и нема гајле, тера, али тоа може 2, евентуално 3 пати да се случи во месецот.

Макс тв во никој случај, на работа имаме дигитална макс тв, катастрофа невидена, секој 2 ден мораме да гасиме модем и дигиталниот ресивер пошто ке се укочи и не мрда сликата или пак насабајле воопшто неможе да се следи програма преку дигиталниот ресивер

Присутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5761
Одг: KABLOVSKI OPERATORI
« Одговори #19 на: 08 Декември 2012, 03:38:24 am »
http://www.speedtest.net/result/2355653538.png
lugje gledajte vaka e sekoj den na telekabel posle 16 casot ziva beda..ajde kablovskata nekako keja preripam ama netov na nervi mi ide

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9197
  • Аstra la vista baby !
Одг: KABLOVSKI OPERATORI
« Одговори #20 на: 08 Декември 2012, 03:56:13 am »
Телекабел Битола, пакет 500.



И други се жалат, јас сум презадоволен, секогаш е оваа брзина, а некогаш и појак знае да биди.
Проблем сум немал никаков, само пред некој ден кога работеа нешто па цел град немаше.

И телефон и кабловска и интернет имам од Телекабел, од се презадоволен.

Отсутен Dekio7

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2601
Одг: KABLOVSKI OPERATORI
« Одговори #21 на: 08 Декември 2012, 13:32:56 pm »


Еве го и кај мене Телекабел. За 500 денари, и поќе од добри се.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6666
Одг: KABLOVSKI OPERATORI
« Одговори #22 на: 08 Декември 2012, 13:47:58 pm »
Еве пак слика од мојата брзина на нетот на близу на пладне, постојано е константен, нема повеке подоле, толку е преку цел ден

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: KABLOVSKI OPERATORI
« Одговори #23 на: 08 Декември 2012, 13:50:50 pm »
Еве и кај мене... Од Оне имам...

Отсутен negoznam

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 533
Одг: KABLOVSKI OPERATORI
« Одговори #24 на: 08 Декември 2012, 16:12:24 pm »
И јас исто така се изнервирав кога ги исклучија Дискавери и НБА - тв и пишував писма, се жалев кај нив, ама џабе. Скапо им било.
Ама ете сега и на Близу ги исклучија дискавери.
Грешка си за ова на Близу има дискавери, и не сум слушнал дека планираат да ги укинуваат.

Иначе јас сум презадоволен од Близу во однос на вложено/добиено. За 1500 денари месечно, два хд ресивери(не се лоши каналите), 20 мб/с интернет(стабилен)  телефон со некои 400 мин бесплатни за зборење.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: KABLOVSKI OPERATORI
« Одговори #25 на: 08 Декември 2012, 16:19:26 pm »
едно време близу имаа  приватни хд канали и 24/7 се пуштаа нови филмови,али поради некој регулативи,закони се укинаа

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: KABLOVSKI OPERATORI
« Одговори #26 на: 08 Декември 2012, 16:22:38 pm »
Проблем кај кабелските оператори е тоа што основната намена поради која сите ставивме сега е во сенка на квалитетниот интернет кој го имаат, со други зборови телевизиската понуда е катастрофа.


Да Шмичка, штета што ја укинаа опцијата PPV, месечно имаа минимум 15 квалитетни филмови на лагер.

Отсутен negoznam

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 533
Одг: KABLOVSKI OPERATORI
« Одговори #27 на: 08 Декември 2012, 16:27:25 pm »
едно време близу имаа  приватни хд канали и 24/7 се пуштаа нови филмови,али поради некој регулативи,закони се укинаа
Не ги укинаа заради закони, туку не им било профитабилно со оглед на тоа дека ги плаќаат филмовите а имало мала заинтересираност кај народот да ги плаќа додатно каналите, со оглед на тоа дека постојат (фала богу) торенти. Па после тоа пробаа демек пеј-пер-вју али ни тоа не им успеа па ги укинаа.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2837
  • Слобода или смрт
Одг: KABLOVSKI OPERATORI
« Одговори #28 на: 08 Декември 2012, 16:35:20 pm »
Јас сум на телекабел и сум задоволен со брзината и стабилноста иако во последно време имаат некои проблеми или нешто работат па понекогаш е бавен интернетот но генерално немам забелешки. И секогаш во овие 5 и повеќе години кога сум викал за интервенција доаѓале истиот ден. Само еднаш се јавив после 17 часот и дојдоа утрето во 10.
За пакетот интернет телевизија и телефон плаќам 1000 денари. Без договор без ништо.
И од овој месец незнам дали имате приметено зголемен е уплоад на 1.2 мб во секунда од поранешните 0.4 и имаме неограничен интернет. Бар јас имам случајно пред некој ден проверив на проверка на сметка и не бројат повеќе сообраќај  и ете од тогаш симнав неколку документарци во хд а брзината ми е иста.

Присутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5761
Одг: KABLOVSKI OPERATORI
« Одговори #29 на: 08 Декември 2012, 16:37:09 pm »
Телекабел Битола, пакет 500.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

И други се жалат, јас сум презадоволен, секогаш е оваа брзина, а некогаш и појак знае да биди.
Проблем сум немал никаков, само пред некој ден кога работеа нешто па цел град немаше.

И телефон и кабловска и интернет имам од Телекабел, од се презадоволен.
e taka kaj mene netot e do 15 casot i posle narod se probira doma i pocnuvaat problemi zatoa i sakam da menjam