Автор Тема: Ford Fiesta 1.4i 16v 59kw(80ks)  (Прочитано 61037 пати)

Отсутен stapmkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 765
Одг: Ford Fiesta 1.4i 16v 59kw(80ks)
« Одговори #90 на: 03 Мај 2015, 17:08:42 pm »
имаш дуплофан од овој што се лепат таблици во Максмаер у Кисела Вода и по продавнициве за бои и лакови треба да има еден германски е не ми текнува како се викаше околу 100ка е, а тој у Максмаер мислам дека солен беше со цената.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Ford Fiesta 1.4i 16v 59kw(80ks)
« Одговори #91 на: 03 Мај 2015, 17:18:36 pm »
Ми ја одлепија буквата А у перална. Можам истата да ја залепам со нешто одново или да барам нова? И кај да побарам по Скопјево?

Епа коа ја переш на секој 3-ти ден, нормално дека ке почне нешто да паѓа од колата ;D

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Ford Fiesta 1.4i 16v 59kw(80ks)
« Одговори #92 на: 03 Мај 2015, 18:32:20 pm »
Фала дечки, абе неќам со двокомпонентен, ми ги крадат ќе ја закорне со се боја ќе ја извади :D Ако не ќе видам во Мида за нова сеа коа ќе правам сервис, минатиот пат коа ми ја украдоа така ми дадоа буква :)

Ебеш му матер Фило ;D Мора да л'шти! :) Иначе месец дена не беше перена кои 3 дена не заебавај :D

Колку пари ги плати сијаличките крати посебно долги посебно ?
H4-ки се, нема посебно долго посебно кратко. 1100 денари, Макпетрол Карпош.

« Последно менување: 03 Мај 2015, 18:40:00 pm Allexxander »

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Ford Fiesta 1.4i 16v 59kw(80ks)
« Одговори #93 на: 03 Мај 2015, 20:06:34 pm »
Има се продава тенок лепак како фластер двостран ќе ти заврши работа ;)
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен bobimk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 276
Одг: Ford Fiesta 1.4i 16v 59kw(80ks)
« Одговори #94 на: 08 Мај 2015, 20:53:48 pm »
Регистрирана денес Фиестата во ПСС.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Полиса= 4600 денари.

Технички преглед, црвен крст, фондови итн... = 4440 денари.

Нова сообраќајна= 250 денари.

Вкупно= 9 290 денари.
 
2000 и кусур повеќе од лани, но тогаш немав технички... Фондот за патишта е покачен 40%.

Прилично ефтина регистрација имаш. Викаш дека пред поскапувањето си плаќал само 7000 ден? :O Мене годинава ме репнаа повеќе од 12000 за голф 4 1.9 тди 90кс. игра улога и нешто друго покрај киловатите како на пример еуро стандардот, годината и некои други тех. спецификации на колата во цената на регистрација?

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Ford Fiesta 1.4i 16v 59kw(80ks)
« Одговори #95 на: 09 Мај 2015, 21:54:03 pm »
Да пред поскапувањето, но реков, немав плус технички. За возила стари до 8 години технички се прави секоја втора година  ;)

И каското ми е доста ефтино. Оваа година за 6 000 и нешто ми напраиа без франшиза. Мирна глава. Добра цена ми дава брокерот бидејќи секоја година му викам дека ќе се префрлиме во друга компанија ;D А истиот е откако е купена колата.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Ford Fiesta 1.4i 16v 59kw(80ks)
« Одговори #96 на: 11 Мај 2015, 19:14:40 pm »
Дечки, ај некој ако знае нека ми каже како да го активирам саатот да ми го покажува горе над километражата. Нели има две копчиња, првото ми е за ресет на километрите, второто кога има дадено контакт или кога работи колата ако го стиснам покажува саат. Но само ако го држам, ако го пуштам си покажува за уште колку км има гориво.

Мене не ми треба кога има контакт да покажува саат туку кога ќе ја изгасам да го има. Над километрите. Тоа си свети одреден период откако ќе ја изгасам и потоа се гаси аутоматски. Имам видено кај исти вакви Фиести имаат напраено така. Пробував не знам како...

И дали можеби има некакви скриени опции. Никад не сум земал да истражам за ова...

Отсутен Blackadder

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 88
Одг: Ford Fiesta 1.4i 16v 59kw(80ks)
« Одговори #97 на: 12 Мај 2015, 11:31:52 am »
Јас еднаш по грешка го вклучив тоа. Стискав на двете истовремено, правев некои комбинации за да го ресетирам тој trip counter-от на нула, и ми се постави на часовник. И за да го вратам назад, пак некако стискав безвеза на двете, де истовремено, де едно по друго, рандом скроз, и се префрли на уште колку км има со горивото (јас па сакам на такво да ми стои) :D
Земи малце поиграј тетрис на дугмињата, ќе сврти некако

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Ford Fiesta 1.4i 16v 59kw(80ks)
« Одговори #98 на: 12 Мај 2015, 15:32:12 pm »
Неќам да ми стои саатот коа има контакт него откако ќе ја изгасам да стои, над километрите. И потоа нели автоматски си се гаси екранчето. Така имам видено.

Денес Фиестицата ја освеживме малку :) Одма е друго :) Досега се ставаа само оригинални филтри и ништо друго, единствено неквалитетно нешто на колава што иам ставено се бришачите, единствено. Меѓутоа оваа година ја немаше таа чест да си добие оригинален филтер за воздух, јебига ќе ми извини...

Променето уље, филтер за уље и филтер за воздух во Мида.

Мотокрафт Формула Ф 5-30ка + Филтер за уље = 1850 денари.

Филтер за воздух Унифлукс= 350 денари. За неговата промена не наплатија ништо.

За полен не го сменив пошто сметам дека нема потреба засега, не мириса, дува така да може да тера уште некое време. Лани беше променет.

Исто така средена и буквата, односно ми ја залепија доле во сервис.

Извршени сите пропратни проверки, забелешка никаква.

Морам јавно да го споделам следново. Не знам дали е маана некаква или слично меѓутоа во сервис никогаш не го решија. После перење, особено на ладно време, доколку колата не се развози убаво барем неколку километри и се остави така тркалата задните знаат да заблокираат по малце. Значи и покрај тоа што не е дигната рачната.  За тој шо ова го знае нема да е проблем меѓутоа може гадно да ве поебе некогаш насабајле ако ви стои надвор. Имам зборнато и со други луѓе кои имаат ваква кола ми го потврдија тоа. Доколку возилото се развози убаво немате проблем.

Прво пу пу пу да не ја урочам  :)

Во овие 40тина илјади проблем( посериозен) никаков буквално. А и неблагодарно би било од нејзина страна да ме изневери бидејќи е одржувана како дете буквално, исто како член од фамилија. Досега не покажала некаква грешка напред. Само редовен сервис, замена на потрошен материјал како сијалички, филтри и слично. Единствено нешто што се поеба беше акумулаторот некаде на 3-тата година, одеднаш и ме остави пред супермаркет. Бидејќи откажа скроз нагло без никакви знаци претходно, ја имаше честа да се качи на шлеп служба и со поднаведната глава да се провози низ градов и да се однесе на сервис  ;D Претпоставував дека е тоа но не бев сигурен. Излезе пробиена келија. А да, ќе заборавев уште нешто а тоа беше куќише за термостат кое пушташе од време на време антифриз и мораше да се промени лани. Не капеше туку онака лиело од време на време. Толку.

Од оние други работи што ги имам променето до сега се, свеќици некаде на 28 000, глицерин лани, вода и антифриз тоталка променет системот исто лани, акумулатор нов. Чистење на усисната клапна повремено, ради тоа што се вози претежно градска. Тоа е тоа.

Ако нешто сакам најмногу кај возилово тоа е хендлингот кој е неверојатно добар. Секоја чест. Одличен фибек на волан,  директно хируршки прецизно управување!

Од возилото сум презадоволен досега, освен од некои работи што ме нервираат а тоа е лошата возачка позиција( според мене) и недоволната изолација иако не можам многу да се пожалам бидејќи ги исполнува стандардите за вакво возило. Во задниот десен ќош има мало крцкање, односно како кликање на нешто кое се слуша само понекогаш. Не можам да оценам што е. Тоа е единствено нешто, друго ништо не крцка. Ме нервираат и некои ситни каросериски оштетувања( гребка од клуч на петта врата), меѓутоа ништо сериозно и не толку битно. Ако ме прашате дали повторно би купил Фиеста ќе ви речам не од проста причина што во иднина најверојатно ќе ми треба малку поголемо возило.

Благодарам.

« Последно менување: 12 Мај 2015, 15:52:48 pm Allexxander »

Отсутен Gabau

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 489
Одг: Ford Fiesta 1.4i 16v 59kw(80ks)
« Одговори #99 на: 12 Мај 2015, 16:50:22 pm »
Клапната сам ја чистиш или на сервис?

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Ford Fiesta 1.4i 16v 59kw(80ks)
« Одговори #100 на: 12 Мај 2015, 20:28:03 pm »
Не, во сервис... :)

Отсутен Gabau

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 489
Одг: Ford Fiesta 1.4i 16v 59kw(80ks)
« Одговори #101 на: 12 Мај 2015, 20:46:42 pm »
Во кој сервис? Пошто имам ист мотор само на фокус, треба и ја да ја чистам клапната па во еден сервис ми рекоа дека ќе ја исчистат и 99% ќе нема проблеми со електроника ама тој 1% би ме коштал 300€ (нова дел )

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Re: Ford Fiesta 1.4i 16v 59kw(80ks)
« Одговори #102 на: 12 Мај 2015, 21:42:33 pm »
А шо проблем имате со клапната?

Отсутен Gabau

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 489
Одг: Ford Fiesta 1.4i 16v 59kw(80ks)
« Одговори #103 на: 12 Мај 2015, 22:54:36 pm »
Кај мене одкога ставив плин (пред некоја недела на 35к км ) на незагреано обртаите шетаат горе доле наместо постепено да се спуштаат, а одкако ќе загрее се смируваат (за нијанса повисоки од предходно ). Поминав кај еден мајстор и ми спомна чистење на некоја клапна ама прво ќе чекам да направам 1000км на плин па да ја однесам кај нив да проверат да не има нешто разлабавено при монтажата.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Ford Fiesta 1.4i 16v 59kw(80ks)
« Одговори #104 на: 13 Мај 2015, 15:23:36 pm »
Ја не сум имал таков проблем да варираат горе доле, се десило ретко кога ќе ја запалиш насабајле да опаднат додека се стабилизира. Меѓутоа тоа се решава со чистењето на клапната. До тоа е.

Инаку кажи ми, како ти се понаша колата на плин? Ставаше капалки или не? Каде го монтираше? Колку се зголеми потрошња?

Во кој сервис?
Па последен пат ја исчистив лани во мида. Бидејќи менував и други работи покрај филтри, масло, како глицерин антифриз не ми наплатија за чистењето. Инаку мислам дека околу 500-600 денари наплаќаат. Кај друг мајстор не сум бил, сеуште немам најдено мајстор од доверба кој ќе ми го одржува возилово. Знаејќи како праат едно поправи едно расипи ич не ми се носи кај такви маалкски така наречени мајстори.