Автор Тема: Opel Astra G 1.6 16 v  (Прочитано 9278 пати)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Opel Astra G 1.6 16 v
« Одговори #15 на: 02 Мај 2012, 00:06:50 am »
Добредојде Деан.

Не сваќај погрешно, ама тоа „Full Oprema“ го иритира мнозинството на форумов. Во реалноста тоа би требало да значи дека има се што може да постои од опрема за тој модел, а во пракса кај нас сите возила кои се нудат по електронските пазаришта, меѓу кои 80% најосновни модели без елементарни работи како клима, централна, електрика на прозори и слично се со „фул опрема“ или „нема што нема“. Од таму доаѓа фрустрацијата на Џиџи, па така и неговата реакција. :D

Ако не е тајна колку го купи возилото, со сите трошоци за да можеш да го возиш?
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен deanMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1330
Одг: Opel Astra G 1.6 16 v
« Одговори #16 на: 02 Мај 2012, 00:20:09 am »

ОК гоѓо, реков фул опрема бидејки кога го купив возилото дечкото од кој што е купено возилото кажа дека е со таканаречена фул опрема, но во реалност тоа и не е фул опрема како што го рекламираат возилото, со оглед на тоа што нема електрика на задни стакла, нема темпомат, нема кожа и GPS итн, но тоа се работи кои што и не се од пресудно значење за возилото. Вака реално возилото е купено 2.800 евра во словенија, на тоа стави трошкови за да се довезе истото до МК, царина, хомологација, ТИФ, и уште некои ситници, и ке ми испадне околу 4.100-4.400 Е со се вклучена регистрација, и неопходен сервис на возилото (ребраст, водна пумпа, затегачи, и гуртни). Доброто нешто кај ова возило е тоа што е возено покрај морето, (незнам баш кој град, не го имам купувано јас) и таму за разлика од планиснките градови во словенија се фрла многу помалку сол, што влијае за степенот на корозија на истото. Возилото е проверено , и е забележано дека подвозјето е одлично, т.е сеуште нема појавено знаци не корозија. Од таму и паѓа теоријата дека возилата во Словенија нечинат, т.е многу е битно кој ја возел претходно, и каде е возено.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Opel Astra G 1.6 16 v
« Одговори #17 на: 02 Мај 2012, 00:22:26 am »
Со убаво да се вози колата и ти посакувам многу безгрижни километри!
Да не се разбереме погрешно, не сум исфрустриран - сакав само да се нашалам со Деан како нов член и да му укажам да обрне повеќе внимание на содржината на постовите.
btw не е гоѓо, туку е Гојдо :)

Отсутен deanMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1330
Одг: Opel Astra G 1.6 16 v
« Одговори #18 на: 02 Мај 2012, 00:28:58 am »
Со убаво да се вози колата и ти посакувам многу безгрижни километри!
Да не се разбереме погрешно, не сум исфрустриран - сакав само да се нашалам со Деан како нов член и да му укажам да обрне повеќе внимание на содржината на постовите.
btw не е гоѓо, туку е Гојдо :)

Никаде и не видов пост , во кој што си исфрустриран, напротив на тоа од тебе видов позитивни коментари. Сеа за сеа ке ја фурам на бензин за почеток додека ја навикнам колата, потоа може да се размислува и за вградување на плински уред, со кој што колку толку ке се намали цената на чинење на горивото. Јас сега му ставам Супер 95-ка, бидејки фабрички пропишано гориво за ова возило според проспектот е 95-ка, и не планирам да го менувам. ОК Гојдо е позната фаца и од други форуми..:)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Opel Astra G 1.6 16 v
« Одговори #19 на: 02 Мај 2012, 00:30:59 am »
Ич да не му ја мислиш за плин и веднаш да си монтираш. Единствената разлика која ќе ја осетиш е по новачник.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен deanMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1330
Одг: Opel Astra G 1.6 16 v
« Одговори #20 на: 02 Мај 2012, 00:34:17 am »
Ич да не му ја мислиш за плин и веднаш да си монтираш. Единствената разлика која ќе ја осетиш е по новачник.

Да,да тоа не му бега сигурно :D Кога веќе платив толку пари, и купив солидно возило (ке забележите по сликите утре, ке се потрудам да го фатам од убави кадри ,вклучувајки го и подвозјето) ке го однесам во Плимонт во Скопје да му стават убав плински уред, за да не си имам проблеми со некомпатибилни плински уреди и последици од истите во иднина.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Opel Astra G 1.6 16 v
« Одговори #21 на: 02 Мај 2012, 00:38:00 am »
@deanMKD

Хаха одговарав уопштено на постот од Гојдо, нема везе - ОК е све ;)

Цитат
...Од таму доаѓа фрустрацијата на Џиџи, па така и неговата реакција...

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Opel Astra G 1.6 16 v
« Одговори #22 на: 02 Мај 2012, 01:19:21 am »

ОК гоѓо, реков фул опрема бидејки кога го купив возилото дечкото од кој што е купено возилото кажа дека е со таканаречена фул опрема, но во реалност тоа и не е фул опрема како што го рекламираат возилото, со оглед на тоа што нема електрика на задни стакла, нема темпомат, нема кожа и GPS итн, но тоа се работи кои што и не се од пресудно значење за возилото. Вака реално возилото е купено 2.800 евра во словенија, на тоа стави трошкови за да се довезе истото до МК, царина, хомологација, ТИФ, и уште некои ситници, и ке ми испадне околу 4.100-4.400 Е со се вклучена регистрација, и неопходен сервис на возилото (ребраст, водна пумпа, затегачи, и гуртни).
Пред колку време е увезено ??? многуу некако 4100евра..

Отсутен deanMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1330
Одг: Opel Astra G 1.6 16 v
« Одговори #23 на: 02 Мај 2012, 01:22:51 am »

Увезено е пред 1 месец..Не се многу..купено е 2.800 Е во словенија, ама со се трошкови (патни трошкови, царина = ~700 Е, и други дренгулии) ке стигнеш до таа цена, што е добро за возило произведено 10/2002 година, а првата регистрација му е 2003 година. ;)

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7387
Одг: Opel Astra G 1.6 16 v
« Одговори #24 на: 02 Мај 2012, 12:46:13 pm »

Не сваќај погрешно, ама тоа „Full Oprema“ го иритира мнозинството на форумов. Во реалноста тоа би требало да значи дека има се што може да постои од опрема за тој модел

имаше еден оглас:
Од ФУЛ опрема има:
-
-
-
....

Отсутен Angel_1.3

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1472
  • VOLVO C30
Одг: Opel Astra G 1.6 16 v
« Одговори #25 на: 02 Мај 2012, 22:19:20 pm »
eden moj druar ima ista vakva 1.6,stooo vlece kako luda

Отсутен deanMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1330
Одг: Opel Astra G 1.6 16 v
« Одговори #26 на: 02 Мај 2012, 22:20:44 pm »
eden moj druar ima ista vakva 1.6,stooo vlece kako luda

Да моќен мотор има количево. Има ставено и некоја просечна сликица во првиот пост. :D

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Одг: Opel Astra G 1.6 16 v
« Одговори #27 на: 03 Мај 2012, 02:31:04 am »
Абе дај стави од твојата, не биди пеер ! :D

Отсутен kirilsbmw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 361
Одг: Opel Astra G 1.6 16 v
« Одговори #28 на: 03 Мај 2012, 08:24:59 am »
Овие астри и да не биле возени покрај морето у Словенија околина на Копер или Порторож :), немаат гајле од корозија, освен задниот лонец е тој кородира и тоа многу.
 Со Здравје да си ја возиш.

Отсутен deanMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1330
Одг: Opel Astra G 1.6 16 v
« Одговори #29 на: 03 Мај 2012, 11:24:14 am »
Овие астри и да не биле возени покрај морето у Словенија околина на Копер или Порторож :), немаат гајле од корозија, освен задниот лонец е тој кородира и тоа многу.
 Со Здравје да си ја возиш.

Мислам дека е купена од Копер, не сум баш сигурен ама така слушнав кога правеа муабет. btw на предните гуми има и пластични браници, кои вршат огромна работа при заштита од корозија, но на задните нема и затоа како што кажа и ти страда тој дел од возилото.

@Rakun4e има поставени слики од возилото...Не се баш најдобар квалитет, ама тоа е сеа за сеа. :)