за 1.9 TDI од AUDI, секаде читам само пофални зборови, за опеловиот 2.2 DTi имало проблеми со цревата на интеркулерот и со бош пумпата при користење на неквалитетно гориво, но во принцип доста солиден мотор. Предност кај вектрите е што од 2001 година се наоѓаат одлични примероци за 4000 евра, додека ауди од таа година тешко под 5000. Дали вреди додатната илјадарка. Друга предност кај вектрата е што преносот е со ланец не со каиш, а замената на ребрестиот кај ауди е доста сложена и солена процедура.