Kaко што пишав, се учи се со време...
Имав проблемчиња кога фаќав кривинчиња со 50-60, и сакав уште на излегување да си продолжам со високо темпо....
Едноставно мора да почекаш да се исправат тркалата со правецот на патот, зошто нагло додавање на гас, и колата бега во правецот на кривината...
Исто ми се случуваше и со претекнување, ке свртам малку во лево за да го поминам тој пред мене, и кога ке стиснам на гас, колата ми пролизгуваше во лево...
Ова го зборам за брзини до кои колата може да пролизга/прошлајфува...
Со тек на време се научив, и сега тие проблемчиња ми се сведени на минимум...
Сигурен сум дека тоа и Рики го има изненадено некогаш, иако е искусен шофер...