За монтирање на тој систем се одлучив заради следните факти:
-комуникацијата со макплин беше на највисоко ниво, ми одговорија на секое можно прашање а не беа малку
-не ме форсираа да ми стават тартанини т.е. најскапиот систем
-ми понудија 3 системи, што е многу добро бидејки јас си одлучувам што да ставам
-системот исполнува еуро4 норми на издувни гасови, а моето возило еуро3 така да би требало да е добар за моето возило
-цревата се термопластични
-компјутерот, дизните, каблите, редукторот и филтерот се во кит, значи нема комбинации или замена, нешто што многу ме нервира
-само макплин се нафати да ми ја монтира полначката по моја желба
-и секако понудените цени

Разликата помеѓу компакт и про е во тоа што про исполнува еуро5 норми на издувни гасови, другите разлики не ги знам подетално, најдобро ќе биде да прашаш директно во макплин
Тартанини е поскап бидејки има аутоадаптација, а тоа мислам дека е динамична мапа на вбризгување на гориво, односно системот се учи на твојот стил и начин на возење, и плус се дијагностицира и се поврзува на обд конекторот од возилото, и сепак мислам дека макплин ќе ти дадат поконкретен одговор од мене
