Автор Тема: Најдобро теренско возило???  (Прочитано 303026 пати)

Отсутен Боби Л.

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1273
  • I live my life a quarter mile at a time...
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #420 на: 01 Септември 2013, 14:59:43 pm »
Што русин састави ни бог не растави :D
https://www.youtube.com/watch?v=-Lc9QZqITc4
Брзината не е опасна,туку будалата шo седи зад воланот :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #421 на: 01 Септември 2013, 15:02:09 pm »
Да имал. Ја знаеме причината за тоа. Едноставниот диференцијал не се вози лесно. Треба обука. Просечниот „возач“ ќе ги скрши запчаниците многу лесно, кога ќе го заборави на асфалт. Тој е совршен за оф роуд, но денешните „џипови“ не се наменети за офроуд, туку се наменети 99% од времето да го дремат на асфалт, а во тие услови многу подобар е електричниот диференцијал зошто нема можност неук човек да го расипе.

Ете, толку е прост одговорот верувал или не.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #422 на: 01 Септември 2013, 15:11:34 pm »
Јас не знам за што се наменети „денешните џипови“ и кои конретно ги имаш на ум...

...но ако треба сега да идам на најекстремните планини во МК, каде што во секој даден момент едно тркало е во ваздух, и да имам да бирам Лада Нива со едноставен диференцијал и Џип Чироки CRDI полн со електроника - без размислување го бирам второто. Искуството така ме научило, нема ни грам теоретизирање во мојата одлука.

И, не, нема врска со способностите на асфалт. Ги имам на ум само офроуд способностите! Нивата може да потоне во кал (што ми се има случено!) и кур вадење, треба да викаш трактор од некаде да те вади.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7108
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #423 на: 01 Септември 2013, 15:13:13 pm »
А чирокито неможе да потоне во кал ? Единствената слабост на нивата е релативно слабиот мотор, ништо друго.
Ти сигурно си возел нива 1.7i. Иди вози нива 1.6 со карбуратор.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #424 на: 01 Септември 2013, 15:19:23 pm »
А чирокито неможе да потоне во кал ?

Може, ама многу потешко! Гумите му се со поголем „газ“ а и самиот футпринт му е поголем. Башка има опција да праќа торк кон секое тркало онолку колку што секое тркало има тракција, па вадењето од говна се сведува на просто стискање на папучата за гас и „барање“ на тракција со воланот. Со едната рука на волан, со другата си ги чешаш јајцата и оп - си искочил. Тоа со нивата мало морген. И сето тоа ради тие електронски активни џиџи-миџи.

Единствената слабост на нивата е релативно слабиот мотор, ништо друго.
Ти сигурно си возел нива 1.7i. Иди вози нива 1.6 со карбуратор.

Да, 1.7i, меѓутоа никогаш не сум помислил дека моторот е пре-слаб. Фала богу си има редуктор и ги совладува без проблем и најстрмните препреки.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #425 на: 01 Септември 2013, 15:24:26 pm »

Озбилен си? Па јас џабе се трудам значи. Добро, да не се мачам непотребно. Сега звучиш како косиличарите во бензин вс дизел, кога се трудиш да им објасниш нешто.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #426 на: 01 Септември 2013, 15:25:55 pm »
Да имал. Ја знаеме причината за тоа. Едноставниот диференцијал не се вози лесно. Треба обука. Просечниот „возач“ ќе ги скрши запчаниците многу лесно, кога ќе го заборави на асфалт. Тој е совршен за оф роуд, но денешните „џипови“ не се наменети за офроуд, туку се наменети 99% од времето да го дремат на асфалт, а во тие услови многу подобар е електричниот диференцијал зошто нема можност неук човек да го расипе.

Ете, толку е прост одговорот верувал или не.

Така јет.

Многу добро клипче. Дешавката на 3:13 ќе беше избегната со едноставна блокада и на предниот диференцијал, што е срамота да ја нема кај модерен тврдокорен теренец, како што Тојота сака да го претстави FJ. Мислам дека и кај Рубиконот во основната верзија има само електронска блокада.

Нивата може да потоне во кал (што ми се има случено!) и кур вадење, треба да викаш трактор од некаде да те вади.

Ако имаш вакво не ти треба трактор

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #427 на: 01 Септември 2013, 15:29:17 pm »
Озбилен си? Па јас џабе се трудам значи. Добро, да не се мачам непотребно. Сега звучиш како косиличарите во бензин вс дизел, кога се трудиш да им објасниш нешто.

Пошто очигледно дека не ми веруваш додека ти зборувам од искуство, ќе пробам вака:

Teлеком операторите во мк имаат потреба за секојдневно качување по најтешките планински врвови, и во лето, и во зима, и на дожд, и на снег, и дење, и ноќе.

Истовремено, телеком операторите во мк се во криза и штедат до последно евро.

Што мислиш, зошто возниот парк не го обновуваат со евтини лади ниви, туку пукаат пари на повеќекратно поскапи „западни“ теренски возила? (воглавно тојоти и нисани)

Зошто 2005-та, на три нови лади ниви, сепак моравме да рентаме Jeep за 200 евра на ден?

Од ќеф? Или од потреба?

Ако имаш вакво не ти треба трактор

Да, доколку во близина имаш доволно цврсто и доволно добро поставено дрво. Не секогаш имаш во близина доволно цврсто и доволно добро поставено дрво.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #428 на: 01 Септември 2013, 15:36:35 pm »
Од истите причини заради кои 2.1 милијарди луѓе се Христијани и веруваат во Господ.

Пак ќе напоменам дека Лада Нива нема врска со муабетов, туку блокажа на 3 диференцијали. Тоа го има Г класа. Доволно близок систем има Субару и некои други „западни“ компании. И сите воени возила нормално. Не Лада Нива.

Мислам дека тебе ти е нејасен принципот на работа на електронскиот диференцијал, кој е најобичен диференцијал (потполно отворен), но со помош на кочниците симулира заклучен диференцијал.
Има и електронски диференцијал кој е всушност обичен диференцијал, само се контролира со копчиња.
Има и други видови.
Највеќе се става првиот, кој е најефтин и најбескорисен.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #429 на: 01 Септември 2013, 15:39:25 pm »
Од истите причини заради кои 2.1 милијарди луѓе се Христијани и веруваат во Господ.

Е ај сеа...

ок како сакаш

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7108
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #430 на: 01 Септември 2013, 17:01:15 pm »
Ако тераш низ кал, на ладата обавезно крампон гуми.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #431 на: 01 Септември 2013, 17:42:58 pm »
Да, доколку во близина имаш доволно цврсто и доволно добро поставено дрво. Не секогаш имаш во близина доволно цврсто и доволно добро поставено дрво.

И за такви ситуации луѓето смислиле решение.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #432 на: 01 Септември 2013, 19:02:25 pm »

Разлика меѓу:
-Обичен
-Електронски дифлок
-Наједноставен дифлок

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3153
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #433 на: 01 Септември 2013, 21:50:26 pm »
Незнам кое е најдобро, но денес мојот 2010 Subaru Forester се качи до манастирот до Зрзе, Прилепско без проблем.

Првите 10ина км е благ успон со полно дупки, неасфалтиран пат до селото, последните 2.5км е успон со камења (неасфалтиран нормално) до кај 10цм дијаметар и помали карпи.

Возев во Low Gear, на моменти зашјафува и го исклучив VDC-то (незнам дали требаше или не, првпат ми е off road). Diff lock не се упали ниеднаш, ваљда дека немаше премногу шлајфување.

Останатите 2 возила кои беа таму беа Лада Нива и Nissan X-Trail, и двете на МПЦ.

ОТ Кој може нека го посети Зрзе, фантастично место. Денес бев и на Трескавец, исто е убаво и новоасфалтираниот пат е стакло, иако има некои сериозно стрмни свиоци и патот е доста тесен.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16793
  • Keep it 100
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #434 на: 06 Септември 2013, 15:56:20 pm »