Само спонзори се спас. Ранко е една мала трошка во целава работа, тие што сакаа и можеа да возат, си возеа (Иџе и Крсте). Ни Ранко им сметаше, ни Бријаторе. Истото го кажав и во дискусијата на фб, и тука ќе го кажам: џабе се трки ако нема пари да се возат.
За к*р ни е календар со 10-20 трки кога полни класи ќе бидат во 3-4. Бугариве имаат спонзори боли глава, vivacom, nokia, havoline... и имаат возила за кои не можеме ни да сонуваме. Едно пежо, фабиа, фиеста с2000 е 200 000 евра, а ги имаат еден куп. Кај нас цела држава не вреди толку. Се додека не се вмешаат крупните спонзори, како t-mobile, one, vip, makpetrol, lukoil и тн.. нема да видиме вистински трки.