Пред некое време, со задоцнување од само 12ина години, ја изиграв GTA5. На почетокот ми беше малце напорна, дури и досадна, ама после тоа ми стана интересна.
Ја пробав Burnout Paradise, ја начекав за 5 евра на акција. Мех, на прво играње, ништо посебно.
Ја играм Undertale у моментов, и ваљда сум негде при крај. Многу чуден (ама интересен) концепт и реализација, со на моменти отракан хумор а ла Монти Пајтон
Чат пат играме Just Dance со децата, да се раздвижиме и посмееме малку
Како што најавив у друга тема, пак се спремам да си ја изиграм Deus Ex: Mankind Divided. Се надевам дека ќе биде игрива без проблем, имајќи предвид дека Square Enix не ги поседува веќе правата за играта.