Да затоа што излегоа торенти пред рилис деј, таа верзија беше 1.0 верзија, го ставија со пач на рилис деј ( 1.2.0. пач ) кој додаде ФОВ слајдер без никакви бројки па си лизгаш безвезе и не знаеш колку е. Стигнаа до 1.3.0 пач за само 1 ден откако е излезена играта, срамота искрено. Убисофт и ЕА пробуваат да го уништат ПЦ гејмингот, со изговор дека сите се пирати. Гејб Њуел има кажано, пиратеријата не е проблем поради платформата или корисниците, пиратеријаа има за лошите производи, и не е далеку од вистината. Не може да очекуваат дека луѓе масовно ќе купуваат избагирано ѓубре како што беше Асасинс Крид Јунити, или микротранзакции ако ставаат во игрите.
Пирати се, е мизерен изговор. ЦД Проџект Ред, фирмата што ја прави The Witcher, воопшто не става ДРМ на игрите, или става па после неколку месеци го трга со пач ( ова значи дека само ја симнуваш и ја играш ), а сепак игрите масовно им беа купувани. Секоја втора игра што излегува е неоптимизиран конзол порт.