^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^
Точно така современите возила се конструираат за да го апсорбираат ударот,а браниците за да ги заштитуваат пешаците и се направени од мек материјал за да не се кршат при мали удари,туку едноставно да се свиткаат и да го апсорбираат ударот.
Има едно тестирање кое во америка е доста ценето е цена на поправка на возило при удар од 10-20-30 км дали во зид,дали во некој столб,е ваквите браници кои при помал удар само ке се свиткаат и потоа се враќаат во правобитната положба немаат големи оштетувања.
Баш кога студирав по предметот Моторни возила СВС пишував семинарска за овие безбедносни конструкции на современите возила,и најдов еден подадок во кој пишуваше дека во минатото возилата ги конструирале за при удар да немаат оштетувања,а со тоа да нема никаква апсорбција на енергијата.Најчесто при бочен удар патниците излегувале со навидум мали повреди,но поради големите забрзувања на главата и немањето апсорбциона моќ се јавувале кинење на врските помеѓу левата и десната мозочна маса,не знам точно медицински како се викаа тие врски и последиците биле ужасни.Затоа денес се конструираат автомобили кои навидум изгледаат лесно кршливи но спасуваат животи со таа нивна моќ на апсорбција на кинетичката енергија.