Како што кажа
@zeroSignal претходно, Тесла е Vaporware. Во моментов е убаво спакуван поклон кој што сите го посакуваат, но внатре во кутијата нема ништо.
Тесла ќе умре заради лошата пост продажна логистика, сервис.
Возилата кои што денес ги вади Тесла од погон се полупроизвод кој што е неупотреблив се додека кај локалниот дилер не му монтираат седишта, ретровизори, волан и еден куп елементи кои што треба да ги има секое возило кое што искача од лента.
Катастрофалните продажни резултати се последица на лошо организираното производство и заради тоа Маск има огромен притисок од акционерите кои што веќе се мноооогу скептични за идните инвестиции во Тесла. Со цел да ги напумпаат бројките од Тесла дошле до фантастично малоумна идеја да вадат полу произведени возила од лента за да набијат бројка и сите недостатоци да ги пеглаат и момнтираат кај локалниот дилер.
Нормално тоа си има последици од типот на незадоволни клиенти кои се жалат на разни тропкања, звуци во возилото кое патем се продава како премиум производ, а нема ни П од премиум. Тесла се фокусираат како да му убутаат кола на купувачот, а искрено не се замараат воошто што ќе биде со нивните возила после 5 години кога реално ќе се појави огромна потреба за одржување на истите.
Е сега кога во целава оваа приказна ќе влезат гиганти како VW, BMW, Mercedes, Audi, Hyndai, Kia, Citroen и ред други, кои што имаат масивно развиена сервисна мрежа, одлична производствена дисциплина и контрола на квалитет, Тесла едноставно нема да биде веќе интересна.
Изговорот дека Тесла е 10 години пред конкурентите со развој на батерии и технологија е тотално глупав, затоа што останатите веќе сериозно работат на квалитет, издржливост, логистика, сервис. Тоа што другите одлучиле да не продаваат фул електрик возила само за да и парираат на Тесла е сосема легитимна одлука затоа што кога mass market ќе почне да купува електрик возила на големо, никој нема да ги погледне Тесла. Да се натпреваруваш со Тесла денес кога знаеш дека ќе ги "снема" за 5 години, е залудно потрошено време и пари.
Нормално само америкаците и поединци кои што мислат дека Apple, Tesla и Herbalife се хајп и "најбољи" ќе бидат тука за да купат, Тесла.
Народната поговорка "Нај храбрите први гинат во битка" е сосема легитимна во случајов со електричните возила. Кога фул електрик возилата ќе бидат интересни за масовниот пазар, етаблираните производители ќе бидат тука и ќе опстојат, од Тесла ќе остане само споменик и две лекции во учебникот по историја.
Корпорацијата Daimler има доволно акции во Tesla за да може да превзема цела технологија од Tesla и да нуди фул електрик возила на пазар.
Новата B-Class Electric Drive која што е фул електрик возило се нуди на пазарот во Европа, ама дискретно без некоја агресивна маркетинг активност.
Целиот електричен систем од батерии и електромотори е превземен од Тесла. Народски кажано B-Class е Тесла во школка на Мерцедес.
И нормално, целиот концепт е толку проблематичен што Мерцедес едноставно не сака да се брука со тоа што Тесла им го дал како "технологија". И нај веројатно приказната на превземање технологија од Тесла тука ќе заврши.
Еве слика од видеото на кое се гледа како се склопува B-Class Electric Drive каде што може да се види логото на Тесла на батериите кои што ги вградуваат.
Еве го и видеото за тие што ги интересира.
Мое субјективно мислење е дека возилата на водород како погонско гориво се тајното оружје кое што германската авто индустрија успешно го крие. Ширум Германија веќе на големо се додаваат "пумпи за водород" на бензинските станици, и речиси и да не постои бензинска станица каде што нема станица каде што се точи водород.
Стратегијата која што Швабите се обидуваат да ја протнат е обратната од онаа која што Тесла ја примени. Прво развиваат мрежа каде што можеш да дополнуваш гориво, а после тоа пуштаат возила кои што користат водород во продажба.
Причината заради која што мислам дека водородот е иднината е тоа што и Зелената партија во Германија која што е поборник за почиста животна средина и клучен играч во политиката таму, веќе активно работи на регулатива со која ќе се ограничи примената на литиумот кај возилата. Ако овој закон го изгласаат во Бундестагот и го протнат на ниво на ЕУ, тогаш фул електрик возилата и литиумските батерии во нив ќе бидат испратени во историја многу порано отколку што се надеваме. Барем на ниво на ЕУ.
Веројатно тука е одговорот на прашањето: "Што чекаат Швабиве со електричниве возила, Тесла пуздер прави". Едноставно чекаат Бундестагот да ја донесе регулативата која што можеби ќе ја ограничи употребата на литиумски батерии во комерцијални возила, па потоа да се насочат на хибрд, водород и слични технологии кои ќе бидат одржливи и присутни на пазарот подолг период.
Јасно е како ден, дека властите во Германија ќе направат се што е потребно за да ја заштитат авто индустријата со цел да и овозможат монополски пристап на пазарот во ЕУ, па оттука не ме чуди доколку законот за "регулирање" на литиумот кај комерцијалните возила го донесат што побргу.