Аурис 1,4 бензин, во 5 брзина (последна)
На 100 км/ч сум рамно на 3.000 вртежи.

На 120 км/ч сум на 3.600 вртежи

Во 5 брзина при 120 км на час е на прлично високи вртежи, затоа и нема голема крајна брзина колава.
Е сега тоа си има и добри и лоши страни.
Лошото е што јас никогаш на отворено неможам да бидам со потрошувачка под 6 литри, често сум околу 6,5 литри бензин (8 литри плин) со нормално возење а не влечење со 80 по автопат. Исто така до 120 е ок да се вози колава, над тоа е и напорно и бучно.
Доброто е што на отворено колава ок се држи, колку што може да се држи 1,4 моторче нели. Затоа што при 3.600 - 800 вртежи е близу до максималниот торк, па на места каде што со други 1,2 или 1,4 мотори бара брзина подоле Тојоткава знае да си извлече без проблем.
И баш поради ваквата поставеност на брзините плинскиот систем ми е наместен над 3.800 вртежи да пљука бензинче, ако крузам да крузам на плин, треба ли брзина подоле нека пљука бензин, мада да бидам искрен кога возам на отворено најчесто возам на бензин, односно ако идам на север или на југ 80 посто од патот го возам на бензин, накај Банско поради тоа што се вози полека и нема автопат возам на плин.