Автор Тема: Што значи SG SE SF ?  (Прочитано 1647 пати)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10403
Што значи SG SE SF ?
« на: 06 Август 2013, 04:12:09 am »
Станува збор за менување на моторно масло начопер (јбг нема чоперски форум) препорачано е SAE 10w40 SG SE или SF. Е сега овде ко ќе им побара ваково масло на страна ме гледаат, ја има лошо разбрано или што е работава ако сака некој да ми разјасни. Мислам овие ознаки се за синтетичко минерално и мешани масло, ама ај да не сум грешка, какво да земам?
Благодарам однапред.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Што значи SG SE SF ?
« Одговори #1 на: 06 Август 2013, 06:56:08 am »
API стандарди се тоа и 90% од продавачите немаат ни појма дека постојат.

Мислам дека разликата во буквите ја означува годината која се развиени, сега се брзам за точно да ги кажам, прогуглај малку. :)

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Што значи SG SE SF ?
« Одговори #2 на: 06 Август 2013, 07:28:47 am »
The API SA service classification was followed by SB, SC, SD, SE, SF, SG, SH, SJ, SL, SM and to its current level of API SN.
With regards to "API SM," The American Petroleum Institute (API) Says:
Status: Current
Service: For all automotive engines presently in use. Introduced November 30, 2004. SM oils are designed to provide improved oxidation resistance, improved deposit protection, better wear protection, and better low-temperature performance over the life of the oil. Some SM oils may also meet the latest ILSAC specification and/or qualify as Energy Conserving.
API SG
 Advisory: Relatively easy to find on the shelves at C-stores and gas stations. Commonly priced close to that of products meeting current specifications. For 1993 and older engines. Check owner's manual to assure appropriate service category and viscosity grade.

With regards to "API SG," The American Petroleum Institute (API) Says:
Status: "Obsolete"
Service: "For 1993 and older engines"

http://www.pqiamerica.com/Labels.htm

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10403
Одг: Што значи SG SE SF ?
« Одговори #3 на: 06 Август 2013, 15:14:23 pm »
Добро би ми дошол уште еден совет, во фајлот на линкот подолу е објаснето детално за тоа какво масло препорачува производителот, а јас имам Motul 300v factory line double ester 10w40 4t (Исто како на линкот http://www.motul.com/rs/en/products/10 )  е сега да го ставам ова в мотор или да барам друго (и кое?).
Ви благодарам.

http://dimitarmk.no-ip.org/files/bicikle/oil.doc

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Што значи SG SE SF ?
« Одговори #4 на: 06 Август 2013, 16:57:29 pm »
Пак се брзам ама.. ако добро се сеќавам, твојот мотор пример има стандард SG.  (треба да си видиш, јас тропам без врска)

Е сега ти можеш да користиш масло со НАЈМАЛКУ SG, како и без проблем масло со понови стандарди SL, SM .. или кои и да се.

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Што значи SG SE SF ?
« Одговори #5 на: 06 Август 2013, 19:40:05 pm »
Според API класификацијата, S  е ознака за моторни масла за бензиски мотори, следната буква е стандардот или моменталниот квалитет на мсалото, што за тоа време постоел и бил баран за соодветното возило.За дизели ознаката поцнува со C и исто придружна ознака за бараниот или моментален квалитет.Колку е втората ознака  по алфабетски распоред на повисоко ниво и стандардите и квалитетот се повисоки.Значи можеш да употребиш масло со истата ознака или со повисока, никако со пониска...Дуг битен фактор ти е препорачаната вискозност-се препорачува иста или со поширок вискозен однос, во зависност од климатските услови, каде се вози возилото...
Во исто време на кутиите за масло се наоѓаат и двете ознаки, за бензинци и за дизел, на пример:
SG/CF 10W40.....што значи може да се употреби и на безнинци и на дизели, за кои е пропишана таа ознака...

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10403
Одг: Што значи SG SE SF ?
« Одговори #6 на: 07 Август 2013, 00:03:13 am »
Па ова е за мотор, до сега дизел мотор немало, инаку прочитав дека првата буква е за бензин (S) а за фтората не знаев. Во секој случај ви благодарам за советите, се надевам се од корист и за дел од останатите форумџии. Маслото е сменето, добро функционира сега за сега, се надевам и натака добро ќе функционира. Го прашав продавачот кој стандар е маслото, ми кажа само дека е квалитетно и сите го земаат, друго никаква информација не успеав да изнудам од него, но се надевам дека е добро. Патем не забележав на опаковката ознака за стандард, ќе превидам пак за секој случај.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Што значи SG SE SF ?
« Одговори #7 на: 07 Август 2013, 06:33:51 am »
Хахаха, кој друг муабет ќе ти го направи продавач... :)