ме интересира плинскиот уред што е на моторот,дали е само за мотори со водено ладење или може да се монтира и на мотори со присилно воздушно ладење
Плинските уреди кои се поставени на Кавасаки и Сузуки моторите кои беа изложени на саемот се секвенционални уреди наменети за вградување во автомобили. За веспа со воздушно ладење, уредот кој би требало да се постави е од сосем друг тип и со друг принцип на работење.Вградивме неколку уреди на веспи, сопственост на автомеханичари и автолимари, повеќе како хоби варијанта, и не сме задоволни како функционираат.
Имено, повеќето веспи кај нас се со, на некој начин клипни карбуратори, и додека моторот работи на плин варијабилниот клип треба да се блокира, а кога е на бензин да работи. Тоа не е некое професионално решение што би се понудило за редовно вградување