Јас мислам дека немаш потреба од вадење на делови од маската, во најголемиот случај тие сијалички се менуваат само со вадење на копчињата т.е само ги извлекуваш контролите од парното (со рака или стави крпа и со клешти повлечи ги). Ако искочи дека е на тој принцип, после само со едно цревце тенко (од инфузија е најдобро или од аквариуми оние што се) ја извлекуваш сијаличката и на ист принцип ја ставаш новата.
Пак ке напоменам претежно така се менуваат тие сијалички бар според мое искуство.
Ако успееш да ги смениш во Astra G без да ја растуриш конзолата ќе те земат одма во опел
A ако такa ги тргниш копчињата одма оди по отпади да бараш нов регулатор за греење оти од стариот нема да имаш повеќе корист
И моја препорака е во иднина да даваш совети само за она што си го правел или знаеш како се прави затоа што можеби некој и ќе те послуша и ќе си направи салам голем проблем