Добредојде Деан.
Не сваќај погрешно, ама тоа „Full Oprema“ го иритира мнозинството на форумов. Во реалноста тоа би требало да значи дека има се што може да постои од опрема за тој модел, а во пракса кај нас сите возила кои се нудат по електронските пазаришта, меѓу кои 80% најосновни модели без елементарни работи како клима, централна, електрика на прозори и слично се со „фул опрема“ или „нема што нема“. Од таму доаѓа фрустрацијата на Џиџи, па така и неговата реакција.
Ако не е тајна колку го купи возилото, со сите трошоци за да можеш да го возиш?
ОК гоѓо, реков фул опрема бидејки кога го купив возилото дечкото од кој што е купено возилото кажа дека е со таканаречена фул опрема, но во реалност тоа и не е фул опрема како што го рекламираат возилото, со оглед на тоа што нема електрика на задни стакла, нема темпомат, нема кожа и GPS итн, но тоа се работи кои што и не се од пресудно значење за возилото. Вака реално возилото е купено 2.800 евра во словенија, на тоа стави трошкови за да се довезе истото до МК, царина, хомологација, ТИФ, и уште некои ситници, и ке ми испадне околу 4.100-4.400 Е со се вклучена регистрација, и неопходен сервис на возилото (ребраст, водна пумпа, затегачи, и гуртни). Доброто нешто кај ова возило е тоа што е возено покрај морето, (незнам баш кој град, не го имам купувано јас) и таму за разлика од планиснките градови во словенија се фрла многу помалку сол, што влијае за степенот на корозија на истото. Возилото е проверено , и е забележано дека подвозјето е одлично, т.е сеуште нема појавено знаци не корозија. Од таму и паѓа теоријата дека возилата во Словенија нечинат, т.е многу е битно кој ја возел претходно, и каде е возено.