Во секој случај според аватарот мислам дека Кико веќе одлучил
Аватар се менува за две секунди другарче
и побрзо може зависи колку пракса имаш
, јас само претпоставив дека повеќе те влечат хондите поради аватарот, инаку додека не ја купиш може триста умови да смениш, а и кога ќе ја купиш може да се пишманиш па да ја менуваш
. Еве јас конкретно прво сакав сивик па почнав да се премислувам за стило, после гледав пежо 306, последно ме фаќа желба за нисан 200, најверојатно ќе се одлучам за сивик ама никогаш не се знае, во секој случај не ми се брза имам кола ми брка работа, планот ми е да купам кола во која како ќе бидам во можност ќе инвестирам, но во секој случај важно е таа што ќе ја изберам да има добра основа за надградување.
Лесно е да избереш нова кола, проблемот е половна да ја погодиш. За деловите и потрошувачката еве има доста хондаши на форумов па можат да кажат од прва рака, инаку за астрата другар мој има astra F 1.7 дизел со исузу мотор, пред некој ден свечено го помина 500 000 километар, колата работи исто како и пред 10 години кога ја зеде, ентериерот и е одличен нема пукнатини на пластиката скршени прекидачи и слични работи, значи во секој случај се работи за квалитетно возило, а и за одржување многу ефтино поминува. За хондата претпоставувам дека резервните делови би биле поскапи, а за наоѓање не верувам дека ќе претставува некој проблем