@yarre идејата за организирана демострација ми се допаѓа. Не би имало проблем за да ги презентираме некои од нашите апарати, но бидејки ке треба да биде таму и сервисерот ке треба однапред да се договориме за време. За место ке се погрижам јас.
Приказната како Nilfisk ги купи WAP е прилично долга, но главната причина е бидејки WAP има неколку феноменални патенти за високопритисни апарати, смукалки и апарати за чистење и полирање на подови, плус производствените центри во Германија и низ Европа, производи со реноме, дистрибутивна мрежа.... Nilfisk од друга страна е прилично стара компанија која константно купува брендови и нормално со време им го менува изгледот да наликува на нивниот. Целата приказна можам да ја раскажам, но прилично долга е и може тоа да го направам во некоја друга прилика.
@djidji добар ден класне

Човек да не верува каде се ке се сретне со познати, а и не знаев дека Вие се интересирате за автомобилизмот.
Инаку околу каменецот - има 2 варијанти.
http://www.youtube.com/watch?v=7fCw6P21GK0 - Филтер за бигор. Има различни (зависно од апаратот) но тој што е за машината што ја спомнав погоре чини 2.090 ден. (со ДДВ).
Исто така има и хемикалија за разградување на бигорот -
http://www.nilfisk-alto.com/Products/Detergents-Utensils/ProfessionalDetergents-Dispensers/Care-Maintenance/ANTISTONE/Introduction.aspx.
Тој чини 1.310 ден. (со ДДВ).
Вистина е дека во Скопје има многу бигор во водата и препорачливо е да се користи нешто што би спречило создавање на каменец во апаратите.
@Tome-Colt да може, но има различни средства за различни намени. Онаа која што ја нудиме за пералните е 25l. и чини 5.820 (со ДДВ). Таа е наменета за надворешно чистење на возилата. За внатрешно чистење се користи друга, за поголеми прљавштини (уље, мотори и сл.) се користи трета која секако чинат различно и ги има во различни пакување. Ако те интересира конкретно некоја само нагласи за која намена е.
@TE-EN секако дека имаме

Foam lance e цефка со инјектор и чини 7.150 ден (60 см) и 7.750 (120 см), а тоа што го покажува на сликите е „Foam sprayer“ или канистерче на македонски и има такви од 750 мл, 1 л, 2 л што издржува 60 'C...
Тоа што е 750 мл чини 8.790 ден. но
1. Апаратите за домашна употреба доаѓаат со ваков канистер
2. Професионалните апарати имаат интерно мешање и дозирање на хемикалии.
Знам дека овој пост е прилично голем, но се надевам дека Ви ги одговорив прашањата или барем дека Ви помогнав малку.
Има уште некоја тема поназад во разговорот што на која ке одговорам набрзо, а до тогаш слободно прашувајте ме се што Ве интересира.
И за на крај @yarre - се надевам дека ке има ѓњаважа. Кога некој вози возило од 15.000 евра очекувам да бара врвна услуга за неговите пари, а пак да не ги спомнувам сите оние кои си ги „кастамизираат“ колите за суми 2-3 пати повеќе од тоа. Инаку морам да Ве пофалам дека на форумов има многу квалитетни луѓе што се разбираат во машини. Повеќе начив од листање низ темите тука отколку што знаев од мојата кола.
Поздрав и ги очекувам Вашите прашања.