Ајде една статистика. Откако е донесен законот да може да се полага на 16 години значи 2013 год се издале 178 возачки до сега. 86 од тие возачки се само во Охрид

Во Битола и Прилеп само 2

Баш гледам една емисија се јавуваат луѓе, родители, инструктори од комисии итн. Јас не би дозволил не би потпишал на мое дете да полага на 16 години но никогаш не вели никогаш така. Не мора секогаш да значи дека годините се мерило за зрелост, но генерално е така. Тоа е бре детиште, не ме зезај уште се сили пред друштво, не размислува за последици итн.
Убаво рече еден инструктор кој се јави, вика дете на 16 год не е спремно за во сообраќај,
возачката дозвола е документ да управувате со машина која е потенцијален убиец. Тоа не е играчка. Таа машина нема разум, разумот е возачот, механиката не познава разум, сообраќајот исто така. И е сосема во право чоекот.