Значи потребен материјал за 4ри 16" бандажи офарбани во неон портокалов PlastDip:2 бели спреја,3 портокалови(остана пола од белиот и пола од портокаловиот) значи вкупно отприлика 4ри,трака за изолирање,Antisil средство за обезмастување,крпи,весници(не е битно какви) и многу желба за работа
Прво беа офарбани 2 раце со бела боја,бидејки така беше препорачано за да се добие правата неон портокалова боја.
После офарбани 4-5 раце со портокаловата,и се доби страшна,весела,неон портокалова која неможе да се долови на сликиве,на секој апарат различно изгледа
Plasti dip искочи дека е многу едноставен за работа само времето ќе покаже каков е во поглед на издржливост.Јас сум задоволен да ја истераат зимава па догодина лупиме па ќе ги фарбаме друга боја
Утре здравје ќе ги монтираме на кола па ќе видиме како ќе изгледа