За волја на вистината, сите соработници што беа на З.З. во општината, сега сите се поставени на државни функции, вклучително и човекот што сега е на Патишта, е негов најблизок човек од Струмица. Но тоа не ме интересира. Прашањето е,
До кога кај нас ќе се прават работите фушлерски, неодговрно, неквалитетно и замачкано?
Прашај го заев.
Sent from my EVA-L09 using Tapatalk
Прашањето е многу подлабоко од верглање грујо-заев, сдс-вмро.
Се додека :
1.Kритериумот "најниска цена " е единствен критериум по кој се добиваат државните тендери.Значи битно е кој понудил најефтино, а не најквалитетно...а најефтината опнуда често знае да биде и нај чкарт....Се јавуваат човек-фирма зданија кои бутаат цени на електронска аукција до минимум, да после со платените пари не можат ни 50% од договорот да извршат...па се е пљукни залепи во рамките на дадената цена која ОНИ , намерно , ја спуштиле на минимум само за да го добијат тендерот.
2.Законот ги фаворизира и штити економските оператори (фирми), а не договорните органи (општините, министерствата, агенциите) под оправданието "стимулираме конкуренција"...Пази да не.
3. Гаранцијата за квалитетно извржување на договор за јавна набавка е опцонална и се однесува на само 5 до 15% од вредноста на тендерот, наместо дупло повеќе, во најмала рака...Во случајов, фирмата изведувач да треба да депонира 30% нејзини средства (од вредноста на тендерот) како гаранција дека тип топ ќе ја заврши работата, да видиш како со шублер ќе го мерат асфалтот...Во спротивно, отидоа парите.
4.Ако ваква фирма ја оштети државата треба да следуваат санкции и одговорност...постапка која во реалност на крај се сведува на судски процес со години за кој ретко кој има нерви и време.
Ете..на кратко.