Сигурен си дека е подобар Белград? Не дека сум секој ден таму, туку на два-три пати кога сум одел, сум заглавувал во сообраќајот. Всушност, мислам дека Скопје е подобар за возење, особено поради контролата на сообраќајот, за која не сум сигурен дека ја има Белград.
Во однос на немањето на зелен бран, мислам дека е намерно така наместено, со цел рамномерно да се распореди сообраќајот низ крстосниците, наместо одеднаш да има наплив на Партизанска во насока кон Центари да затне крстосници. За разлика од ова што е случај во текот на денот, навечер неретко се фаќаат зелени бранови, бидејќи е сообраќајот порелаксиран и нема да предизвика застој на крстосниците.