Изгледа сите средношколци и студенти доаѓаат со своја кола во градов.
Јас па мислев имаме пренатрупана администрација.
Многу родители користат денови, одмор во јануари затоа што децата им се на распуст и одат по ски центри.
Јануари е одличен месец да споиш празник со викенд за да скубнеш некаде, плус децата се на распуст.
Администрацијата е пренатрупана. Ама на скијање е у Банско, Боровец, Сандански, Копаоник, Пампорово... Таму е натрупано сега.
Истиов феномен го имаме и во лето, само што тогаш повеќе се вози точак и се оди пешки, и не се користи кола за секоја пригода. Па во Јули и Август речиси и да нема гужва низ Скопје во шпиц термини.
Лесна е равенката за решавање, само треба да употребиш логика.