Дали некој може да објасни како голема група терористи под полно вооружување, распалија по се живо, убија 8 полицајци, ранија 50, многу од нив ќе останат инвалиди, и на крај фино лепо си се предадоа со бели знамиња.
Мислам во ниедна земја вакви не можат да останат живи, после првиот мртов полицаец, тие си ја потпишале смртната казна. Овде се одвиваше војна, најтрулите терористи од косово водеа војна барикадирани во куќи ставајќи во опасност цело село со илјада жители. Како заврши една ваква акција со предавање. Па не возеле 200 на автопат, па да се предале на полицијата, убија и ранија 60 полицајци.