Да ви го претставам моето фичо.Од 1981година.
Едит : Еве нешто од википедиа
Застава 750 (популарно наречен Фиќо) е автомобилски модел на производителот за автомобили Застава од Крагуевац. Автомобилот почнал да се произведува во 1955 како верзија на Фиат 600 под лиценца. Се произведувал до ноември 1985. Застава 750 има мотор со работна зафатнина од 767 см³ и со тоа е најмалиот автомобил од оваа марка. Кон средината на 70-тите излегува и моделот Застава 850, ист како и претходниот, само со поголема кубикажа. Моторот бил позајмен од Фиат 850.
Првиот модел се нарекувал Застава 750M, кој впрочем бил Фиат 600E, со нов мотор од 795 cm³, термостат и затворен систем на ладење. После тоа доаѓа моделот 750S, со променет интериер, нов брзинометар и волан кои се преземени од Фиат 126 „Пегла“. Застава 750 S (Специјал) продолжува да се произведува со подобрен мотор од 22kW, што овозможувал максимална брзина од 120 км/ч. Во тоа време, па и сега, мотор со зафатнина од нешто повеќе од 0,7 литри е прилично достоен перфроманс. Во 1980 година на белградскиот автомобилски саем, представен е моделот Застава 850, кој во основа е истиот 750S, но со мотор од 843 cm³ и 23,4kW преземен од Фиат 850. Моделот 850 има максимална брзина 125 км/ч. Од тогаш почнува производството на следните верзии 750L/850L - 750LE/850LE - 750SC/850SC.