Доколку бројот на мотор е XER тогаш свеќиците треба да се со топлотна вредност 16, така да од ТТ ке одговараат К16ТТ.
Во каталогот на Денсо за Круз 1.8 дава единствено број на мотор F18D4 со што на тој мотор одговараат свеќици со топлотна вредност 20 , додека воопшто не дава дека пости Круз со број на мотор XER. XER е ознака за Опеловите мотори на Астра над 2005 година, Инсигниа, итн. Општо познато е дека Шевролет Круз носи опелов мотор, така да дали е направено превид во впишувањето на бројот на мотор или е вистина тој, најдобро е да се прочита бројот директно од моторот. Исто така XER има 103 киловати, а F18D4 има 104 киловати.