Автор Тема: Осигурување на возила со вграден плински уред  (Прочитано 3070 пати)

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Накратко, при оштетување на возилото, дали осигурувањето важи и за елементите од плинскиот уред кои се вградени во возилото (прашањето се однесува на членот ЗоранМане).
« Последно менување: 31 Октомври 2011, 12:58:59 pm plimont »

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1832
Одг: Осигурување на возила со вграден плински уред
« Одговори #1 на: 31 Октомври 2011, 13:54:53 pm »
Јас не сум ЗоранМане, ама можам да одговорам на прашањево.

Да, осигурувањето ги покрива елементите од плинскиот систем само доколку системот е А тестиран и впишан во Сообраќајната.Плинскиот систем е покриен и со Автоодговорност и со Каско.

Се извинувам што истрчувам ко прле пред магаре, ама моја бранша е и морав да одговорам.

Отсутен zoranmane

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Осигурување на возила со вграден плински уред
« Одговори #2 на: 31 Октомври 2011, 14:19:38 pm »
Мислам дека секоја новонадградена вредност треба да се наведе во каското.
Не може каското да ја покрие штетата над осигурителната сума за која е осигурано возилото.
Типичен пример се приколки - изотермички каде разладниот уред-термокингот кој може и накнадно да биде вграден, изнесува позамашна сума од 15000 евра. Во тој случај и премијата за каското ќе се разликува кај ладилник со термокинг и без него.

Отсутен zoranmane

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Осигурување на возила со вграден плински уред
« Одговори #3 на: 31 Октомври 2011, 14:20:41 pm »
Ова последното се однесува само на Каско.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8848
Одг: Осигурување на возила со вграден плински уред
« Одговори #4 на: 31 Октомври 2011, 15:23:33 pm »
Јас не сум ЗоранМане, ама можам да одговорам на прашањево.

Да, осигурувањето ги покрива елементите од плинскиот систем само доколку системот е А тестиран и впишан во Сообраќајната.Плинскиот систем е покриен и со Автоодговорност и со Каско.

Се извинувам што истрчувам ко прле пред магаре, ама моја бранша е и морав да одговорам.


и јас прашував вака пред да ја регистрирам колата и ова ми го рекоа, за каско појма немам

Отсутен zoranmane

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Осигурување на возила со вграден плински уред
« Одговори #5 на: 31 Октомври 2011, 19:18:08 pm »
Видете,автоодговорноста(АО) претставува одговорност на возачот за штета причинета према трети лица која мозе е да биде имотна-материјална или нематеријална односна повреда. Максималната сума на обештетување кај полисата АО изнесува 100 000 евра. Колкава штета однапред ќе направи не се знае, односно дали возилото има или нема плин или има внатре патници 1 или 4 не се знае.Сакам да казам дека колкава штета ќе направи толку ке се обештети настраданиот.Следствено на тоа би се платил и плинот на очтетениот, а на цената на возилото што се осигурува АО, не влијае дали има или нема плински уред.

Отсутен salt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 286
  • Opel Astra fan
    • Blog Za Mkd muzika I iOS aplikacii
Одг: Осигурување на возила со вграден плински уред
« Одговори #6 на: 03 Ноември 2011, 22:33:40 pm »
Де бре мане што ја вртиш толку на долго и на широко па кажи кратко и јасно, да важи при тоа тоа и тоа и не важи при тоа и тоа и толку

Отсутен zoranmane

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Осигурување на возила со вграден плински уред
« Одговори #7 на: 08 Ноември 2011, 09:36:33 am »
vo pravo si
Kaj AO se plaka, kaj kasko samo ako platish i za plinskiot ured.