Комбинацијата со звучници во врати е многу опасна, но се разбира зависно од тоа каква музика сакаш да слушаш...Во принцип звучникот кој што е фабрички поставен во вратата по мене има најприроден, најмек и нај издефиниран звук. Образложение...Доколку се замени само радиото со некое поквалитетно од постоечкото, се добива фантастичен звук...Секако морам да нагласам дека тоа важи за одреден жанр на музика, во која нема да ги вбројам металците, и алтернативниот хадр кор рок и музики во кој не можеш да распознаеш дали некој пили дрва, лупа на ограда или сече со брусалица...
Обично фабричките звучници се направени од хартиена односно картонска мембрана која неспоредливо најмеко го интерпретираат чујниот дел од фреквентниот опсег...Односно делот на говорот, поточно средните тонови. Амортизерот во голем дел кај нив е изработен од мекана гума која во никој случај не ја нарушува динамиката на ширење на звукот, а можеби уште подобра варијанта би бил сунгераст амортизер но тој има маана што после некое време се разградува, односно се распаѓа...Им фали висок тон, кој најлесно и најквалитетно се елиминира со квалитетни титаниумски или пак класични високотонци со калота...Во никој случај пиезо бидејќи тоа е свадбарска варијанта која има задача да ти го "Oќори" увото и да те онесвести... Длабочината и басот се добиваат со вуфер кој за мој вкус треба да биде подесен да не замара односно да удира брзо и отсечно а не да го завлекува и затупува басот...
Доколку оваа убавина од звучник се замени со звучник кој има пластична мембрана и високотонец, квалитетот на звукот оди во збогум...Можеби ке добиеш на снага но на сметка за квалитетот...Е сеа секој со својот памет...Сум имал можност да ги порбам скоро сите варијанти почнувајќи од полипропилен, кевлар, пластика, алуминиум и по мој вкус најдобриот звук кој бил репродуциран бил од фабричкиот звучник, па потоа од звучник со хартиена мембрана од било кој производител, потоа ЈБЛ ГТО серија итн да не редам...Останатите пластикарии свират како лименки...
Значи зборувам за звучници на врати или шалтабла односно почнувајќи од голф 2-ка кај кој што најголем проблем е да се сместат звучки од 8 цм во шалтаблата за да свират културно и да не изобличуваат па се до некој други возила, кој во вратите користат дури и до 17цм звучници...Дали беше некоја верзија на постарите пасати не ми текнува...а и не е важно...
За задни звучници кои мене ми оставиле голем впечаток уште од времето се кацигите на пионер...Следна категорија по квалитет така да речам се елипсите од ЈБЛ и тоа ГТО серијата која доаѓа со поликарбонатна мембрана и мекан гумен амортизер, а згора на тоа и има титаниумски високотонец...Другите елипси се тука некаде....Квалитетот може одма да се наслушне по чистината на високотонецот и по пеењето на некој вокал...
Затоа да не бидам погрешно сватен ке речам се зависи од типот на музиката која што ке се слуша...За класичен поп и рок изборот е тој...
Подрав.