Форумџии ако може малку помош.
Лап топот е леново г580 со и5 (3230) 6г рам и гт635 графичка.
Мината недела сакав да го рестартирам се исклучи но се сакаше да се вклучи,ламбичките на камерата на хард дискот си светеа,се слушаше како вентилаторот врти,приметив дека загреа,но на екранот ништо,ниту биосот се крена ниту виндоусот.Пробав неколку пати да го задржам повер дугмето за да се исклучат ламбичките и пак да го вклучам но ништо.После десетина обиди се вклучи,одма го форматирав и до денес немаше никаков проблем,се си беше нормално.Оваа вечер при сурфање се замрзна сликата,не сакаше да реагира на ништо.Го исклучив со задржување на повер дугмето и за да го вклучам пак,не сакаше,пак црн екран,ламбичките светат,загреа како да играам игра.Пробав многу пати да го исклучам и вклучам не сакаше.После 2 часа,се вклучи.Па дадете некоја идеа што може да му биде.Моменално спуштам касперски,да му направам еден комплетен скен.Лап топот е под гаранција,нема година,чуван,пазен,ниту траскан,ниту паѓан,како очите чуван.