Па сега со додавањето на SSD дискот, интегрирањето на доволна графика во процесорот, како и намалување на потрошувачката мислам дека треба да се се почести и почести, а не поретки.
Имаше порано вакви експерименти, каде што куќиштето се користи како пасивен радијатор, ама не станаа многу популарни. Според изгледот на компонентите, ова ќе да е еден од тие стари експерименти. Му фали уште SSD и напојување со пасивно ладење за да биде тотално бесшумно.
edit: само што го прогуглав напојувањето, со пасивно ладење било.
Со извесна доза на срамење морам да признам дека дури сега, откако имам ссд (фала gOJDO!), сфатив КОЛКУ всушност брчеле харддисковите.
Еееееее...

@Simo гледам по интернет дека ги има, мислев се бара кај нас или во околината.

Нема подобро нешто од вклучување на компјутер кој звучи како мртва еребица. (Сега го имам тоа со лаптопот кога ќе го ставам во Balanced Power Plan - кој си го сетирав со таа намена)
П.С. компјутерот немора да е комплетно фанлес или ноизлес, ама да има вентилатори кои би се вклучиле само кога би се качила температурата над 70 степени на процесорот или рецимо 60 во внатрешноста и слично.

А до тогаш, шшшшшшшшшш!

Како што и треба секој еден компјутер да биде.