Конкретно зградава во која работам зимно време скоро секој втор ден снемуваше струја, фирмите доле не користат УПС и од 8 компјутери на 4 им рикнаа дисковите.
Одговорно тврдам дека со снемување на електрична енергија неможе да ти рикне хард-диск или било која компонента!!! Всушност снемување на електрична енергија е еквивалент на исклувуање на PC!
За да ти рикне компонента мора да имаш несиметрија во мрежа. На пример изместено ѕвездиште, т.е. наместо неутралниот проводник да закачиш некоја фаза, па наместо 230V меѓу неутрален проводник и фаза да имаш 400V. Во тој случај ќе ти изрикаат сите електрични уреди осетливи на пренапон без заштита од пренапони. А Overvoltage, т.е. заштита од пренапони имаат сите квалитетни напојувања! Доколку поради одредени манипулации, некој неписмен монтер од дистрибутерот на електрична енергија направи ваква глупост, што се случувало ама многу многу ретко, електро-дистрибуција е должна да ја надомести направената штета во целост. До сега во сите вакви случаи електро-дистрибуција (порано ЕСМ, сега ЕВН) граѓаните се обезштетени.
Но најчест случај кога рикаат компоненти е кога во објектот, т.е. утичницата на која е приклучен компјутерот немаш заземјување. Во тој случај на делови кои треба да бидат заземјени и каде треба да имаш нулти потенцијал (напон 0V), ќе имаш произволен напон помеѓу 0 и 220V. Е тогаш може да рикнеш одредени компоненти. Ова е најчест случај кога хардверот прегорува поради лошото напојување. Но не лошо напојаување од дистрибутерот, во случајот ЕВН, туку лошо напојување на објектот. Електро-дистрибуција нема ама никаква врска со ова и не сноси апсолутно никаква одговорност.
Доколку објектот во кој сте сместени има ваков проблем треба да го решите со реконструкција на електричната инсталација.