Бидејќи претходно имавме дискутирано околу SSD-ата со SF и Marvel контролер, ќе споделам малку информација од прва рака.
Пред еден месец во компензација (ми должеа пари) морав да земам хардвер па меѓу другите компоненти се одлучив да земам и едно SSD. Од тесниот избор најсоодветен изгледаше Patriot Pyro SE 120GB кој има SandForce SF2281 контролер што воопшто не ми се допаѓаше, но има многу квалитетни ќелии - Micron 25nm synchronous NAND.
Како што си е ред, SSD-ата со SF срање на своите пакувања имаат налепено полно стикерчиња со декларирани неверојатни бројки, во случајов 550MB/s читање и 530MB/s запис, кои во ниедно реално сценарио не се постигнуваат и се однесуваат на најнебитните перформанси на драјвот - секвенцијално читање и запишување!
Како и да е, перформансите на Pyro SE споредени со оние на HDD-то за чување на податоци, Western Digital Caviar Black 2TB кој е најбрз HDD од 2TB, се драстично поголеми, евидентна е разликата при инсталирање и покревање на оперативниот систем и апликации, вчитување и запишување на документи и податоци и т.н.
И покрај тоа, сепак одлучив да си купам саглам SSD со саглам контролер пред се поради доверливоста, па како најисплатлива и квалитетна варијанта го одбрав Crucial M4 128GB.
Веќе една недела располагам со М4-ката, а веќе месец дена со Pyro SE-то, доволно време за убаво да ги почувствувам разликите во перформанси меѓу Patriot Pyro SE 120GB и Crucial M4 128GB.
И на Pyro SE и на М4 се снимени најновите фирмвери, уклучени се сите можности на оперативниот Win7 x64 SP1 за максимално искористување на перформансите на SSD-то.
Бидејќи плочата P6T Delux (Intel X58) нема нативно SATA3 користам ASMedia 611x SATA3 картичка инсталирана на PCI-e интерфејс.
И двата SSD-а имаа инсталирано подеднакво софтвер. Тестовите ги направив од свежо инсталирана копија на Win 7 Ultimate SP1 x64 со сите бустови за драјвовите.
Patriot Pyro SE 120GB:

Crucial M4 128GB:

Разликата не е само во бројките, но системот осетно побрзо се покрева и побрзо ги отвара апликациите M4-ката...