Има и од 2010 ама сега проверив, истото е
Член 38
(1) На јавен пат во населено место, возачот не смее со возилото да се 29
движи со брзина поголема од 60 километри/час, односно со брзина поголема
од брзината дозволена со поставениот сообраќаен знак за целото населено
место или за негов дел.
(2) По исклучок од ставот (1) на овој член, на јавен пат во населено место,
чии сообраќајнотехнички елементи тоа го овозможуваат, може со сообраќаен
знак да се дозволи движење со возило и со брзина поголема од 60
километри/час.
(5) Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 30
километри/час над дозволената брзина и кој постапува спротивно на
одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член. Покрај утврдениот износ на глоба,
на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување на
моторно возило од три до 12 месеца, под услови и начин утврдени со закон.
(6) Глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода
согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој во населено место се движи
со брзина поголема од 10 до 30 километри/час над дозволената брзина и кој
постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член.
(7) Глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода
согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на
одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член и на возач кој во населено место се
движи со брзина поголема до 10 километри/час над дозволената брзина