Дечки, да ви обратам внимание на една многу битна работа за сите што имате Андроид телефони.
Постои фолдер во вашата интерна меморија кој се вика EFS. Во истиот фолдер е сместен IMEI, односно програмски код на телефонот со кој сте препознаени на мрежа.
Доколку овој фолдер стане корумпиран/избришан/непристапен, автоматски го губите IMEI-то, а со тоа и можноста да вршите повици и праќате пораки.
Со губењето на IMEI-то, телефонот влегува во Factory Mode, значи не може да ве регистрира на мрежа(нема повици, нема пораки), а се останато си работи на телефонот.
Бидејки секој IMEI e уникатен за специфичен телефон, враќањето на истиот е скоро невозможна мисија.
Конкретно, завчера на S3-ката ми се случи ова, и вчерашниот ден го поминав листајки милион форуми и пробувајки решенија.
Пробав и factory reset, хардверски и софтверски, рутирав, менував ромови, кастомизирав рут експорери. Ништо.
Моја препорака ви е, да си направите бек ап на овој фолдер EFS, и да си го имате зачувано IMEI-то на некое безбедно место.
Леб и вода нема да ви бара, а може многу да ви се најде.
Камо среќа ова порано да го знаев.
Ми остана опција да го носам телефонот на сервисер, и да му се натртам, пошто друг излез засега нема.
Не сум сигурен ни дали и тој ке знае како да го врати програмскиот код.