]1920x1200 нема да најдеш на лаптоп. 1920х1080 не се јаде туку е минимум потреба. На 15.6" Elitebook имам 1920x1080 и изгледа ОК, но се познаваат пикселите исто ко на десктоп мониторот 27" 2560x1440. На MacBook Pro-то 2560x1440 на 13.3" пикселите не се познаваат.
Сега, нема. Пред 7-8 години имаше на 17 инчните high end понудата на Dell. (Знам, затоа што имав таков, пред да го поклонам на моите). До ден денешен работи. Тогаш комбинациите беа 1680х1050 и 1920х1200. Го имав и едниот и другиот (респективно на 15.4 и 17.3 инчен лаптоп).
Имам работено и на 4к дисплеј, и таму не се гледаат пикселите. Затоа велам дека се јаде 1920x1080. Таа е другата страна, иако реално, нема потреба од неа.
Со Вин10 scaling-от е доста среден и визуелно не се осеќа некоја разлика. И затоа, сега, се мислам дали е време за нов лаптоп. Или да инвестирам во добра десктоп машина.
Со други зборови, first world problems.