Голем поздрав до сите карклабери од најдоброто место во Баварија - Франконија, за журка во моментов, а тоа е по старо: Adolf Hitler Platz или по ново Hauptmarkt Platz, централниот плоштад во стариот град од Нимберг каде што на 5000 квадратни метри вчера се отвори таканаречениот Божиќен маркет, кој го посетуваат неколку милиони луѓе од целиот свет. Тука се продаваат разноразни сваштарии рачно изработени, многу пиво, греано вино, кобасици, и што уште не...Гужвата е огромна, концентрацијата на луѓе е неописива!!! Бев пријатно изненаден што видов и штанд со македонски производи, па на продавачките им посакав добра заработувачка