Автор Тема: Алтернатор, Акумулатор Опел Астра  (Прочитано 273 пати)

Отсутен Ia

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Алтернатор, Акумулатор Опел Астра
« на: 25 Јули 2026, 14:42:48 pm »
Дечки ми треба совет
Имам опел астра х 1.6 2005г., Се појавуваше знакчето за акумулатор иако акумулаторот е скоро нов, ставен пред неполна година. Насред колона возила се исклучи колата првин верглаше, а сега нема ни контакт. Другарче ја погледна, проба да наполни акумулаторот со полнач но не сакаше па накрај  на мајстор ја однесов и вели дека е алтернаторот.
За да смени алтернаторот бара 6000 денари, но вели не гарантира....совет некој ако имал вакво искуство, дали ценава што ја бара е ок или премногу?
Ако има и некој препорака за добар електричар ќе е добредојдено

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2905
Одг: Алтернатор, Акумулатор Опел Астра
« Одговори #1 на: 27 Јули 2026, 09:19:09 am »
Моја груба проценка за цената, од тие 6000 денари, 3000 е делот, 3000 е работната рака, чисто да имаш претстава. Не ми е јасен делот дека не гарантира, нормален мајстор ти дава гаранција, барем година дена.
Своерачен потпис ;)

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3497
  • Хюндай Тюсон
Одг: Алтернатор, Акумулатор Опел Астра
« Одговори #2 на: 27 Јули 2026, 10:35:27 am »
6000 e премалку за да го смени. барем 100 евра е да купиш половен алтернатор а кај е тука работна рака. најверојатно ќе репарира нешто на стариот.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15240
  • Пудингот на шоферството
Одг: Алтернатор, Акумулатор Опел Астра
« Одговори #3 на: 27 Јули 2026, 11:05:33 am »
Дечки ми треба совет
Имам опел астра х 1.6 2005г., Се појавуваше знакчето за акумулатор иако акумулаторот е скоро нов, ставен пред неполна година. Насред колона возила се исклучи колата првин верглаше, а сега нема ни контакт. Другарче ја погледна, проба да наполни акумулаторот со полнач но не сакаше па накрај  на мајстор ја однесов и вели дека е алтернаторот.
За да смени алтернаторот бара 6000 денари, но вели не гарантира....совет некој ако имал вакво искуство, дали ценава што ја бара е ок или премногу?
Ако има и некој препорака за добар електричар ќе е добредојдено
Ако ти светнувало акумулатор значи не полнел алтернаторот,па додека имало струја во акумулаторот работела колата после тоа тишина.
Репарирај или смени алтернатор и пробај да го наполниш акумулаторот ако не е пробиен.Ако е тогаш ќе треба и нов акумулатор.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен hajlender

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 133
Одг: Алтернатор, Акумулатор Опел Астра
« Одговори #4 на: 27 Јули 2026, 19:44:34 pm »
Пробај напуни го акумулаторот, ако запали колата тогаш најверојатно ти е алтернаторот за репарација или промена со друг... доколку и со наполнет акумулатор имаш проблем да ја запалиш донеси ја ке ја направам, астрите имаат чест проблем со инсталацијата и таблата со осигурачи мислам дека ќе можам да ја направам... доколку ти треба било каков совет 075-203-000 Томи

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2918
Одг: Алтернатор, Акумулатор Опел Астра
« Одговори #5 на: 27 Јули 2026, 19:45:28 pm »
Ако си од Скопје - однеси ја кај Нено Авто-Клиник.