Додека го крчкам тестот, неколку фотки од чудово.






Приказната на производителов е многу интересна. Пред 60-тина години почнале со локално производство на руски UAZ за потреби на кинеската армија. Со време, еволуирале и почнале да произведуваат и цивилни возила. И тоа многу способни цивилни возила. Конкретново возило има 2-литарски Cummins дизел мотор со 170 коњи и 415 Nm, менувач базиран на ZF8 (или Aisin, различни информации од различни извори, ќе потврдам), погон на сите четири тркала, редуктор и заклучување на заден диференцијал.
Цена? 39.900 Евра, а со некоја доплата се добива и заклучување на преден диференцијал и уште некои додатоци. Со оглед на тоа дека би рекол дека е директен конкурент (ако не по рафинираност, тогаш по теренски способности) на Defender, Land Cruiser, Grenadier и G-класа, цената е дури... Ниска.
И оди насекаде. Ама стварно насекаде. Терав офроуд и каде и да го насочев, немаше никаков проблем. Граба и оди. Го спремам тестот.
