
Ти си еден од ретките што не рекол „нозе“. Мртво дигање e вежбата. Главни инволвирани мускулни групи се:
1. Спинални еректори - грб доле.
2. задна ложа и газ
3. квадрицепси
4. подлактица
5. стабилизатори на карлица
Генерално со мртво дигање се активираат 90% од сите мускиули на телото. Затоа се вика "compound" вежба, зошто го опфаќа целото тело. Исфрли еден мускул и нема да може да го дигнеш тегот.
Претставува едно од основните природни движење според кои се учи поставеност на телото за дигање на големи товари во реалниот живот (лубеница, пакет млеко, гајба пиво, голф 1)
Како најважна работа кај мртвото дигање се зема дека е вежба која ја зацврснува „ставата“ односно држењето на телото на човекот. Целосниот ланец на стоење го зајакнува. Посебно важно кај денешната подгрбавена нација.
