Да напоменам: Моторот моментално е во генерално здрава состојба – нема тропање, нема чудни звуци, нема губење на снага, работи како што треба.
Ова не е итна интервенција поради дефект, туку планирана и превентивна работа.
Баш заради ова што го кажа, ја би ти рекол не дирај лава док спава, не чепкај во нешто ако нема проблем.
Абе лавата сега за сега спава ама и не баш најцврсто.
Има поминато 400к+, ланчиња кај и да е ќе се менуваат, и од негде изгледа капнува масло (среќа не фрла ништо низ ауспух).
Како и да е, кога веќе би менувал ланчиња, сакам да се исчисти да биде све како што треба.
Идам со логиката - Сега го стегнувам возилото максимално што можам, наредни 100 години менувам само потрошен материјал.
Да, ама има еден момент, ако со моторот кој е фабрички склопен и нема никаков проблем, не чади, не троши масло или ако троши е во некоја нормална граница, нема загуба на сила итн, тоа не би чепкал, сепак фабричкото ако функционира се тип топ, ја не би го отворал моторот.
Ти покрај големиот сервис, тоа се ланчињата што ќе ги смениш, ете можеби вадење на картер и убаво чистење на истиот, потоа ставање на ново масло, извози го мах 1000 км и потоа смени го пак со ново и нов филтер за масло и терај.
Ако од негде пушта масло, се гледа тоа најчесто е некој дихтунг или семеринг, тие работи да, можи да средуваш.
Ја не би да го ремонтираш моторот особено ако нема проблем што го манифестира.
Размисли убаво за не дирај лава док спава уште еднаш.